Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ нема намера да се советува со друг политички субјект


Архива - седиштето на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на пратеникот Томислав Тунтев, кој рече дека формирањето на десет пратенички групи од страна на ВМРО-ДПМНЕ е класична блокада на Собранието и на реформите кои ги очекуваат граѓаните, наведува дека како коректор на новата Влада ветиле дека будно ќе ја следат нивната работа и поднеле низа на закони, дел од нив идентични на оние на кои ги поднесувале СДСМ додека биле опозиција и дел од нив решенија кои сметале дека значително ќе допринесат за подобрување на животот на граѓаните, но оти СДСМ одбиле се што можело да се одбие.

„СДС покажа дека нема намера да се консултира и советува со ниту еден друг политички субјект за потребните реформи. Токму затоа сме загрижени и нема да дозволиме СДС повторно да ги изигра граѓаните преку нивната добро позната тактика со празни ветувања пред избори, а никаква реализација додека се на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG