Достапни линкови

Унгарија го усвои законот за финансирање на невладини организации од странство


Архива - Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот Парламент.

Унгарските пратеници денеска го одобрија контроверзниот закон за невладини организации фининсирани од странски држави. Законот ќе бара од групите кои добиваат повеќе од 24 илјади евра годишно да бидат регистрирани како „организација поддржана од странство“ или ќе ризикуваат да бидат затворени. Невладините организации исто така ќе траба да ги наведат сите странски спонзори кои ќе им побезбедат повеќе од 1.800 долари годишно.

Законот беше подготвен од страна на Владата на десно-ориентираниот премиер Виктор Орбан, која вели дека мерките се со цел да ја подобрат транспарентноста, како и во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Меѓународните групи за човекови права рекоа дека легислативата има за цел да ги задуши критичките гласови.

Европскиот Парламент минатиот месец ја осуди Унгарија за „сериозно влошување“ на владеењето на правото и фундаменталните права и ја повика владта да го повлече законот.

XS
SM
MD
LG