Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ може да го продаде мерцедесот


ВМРО-ДПМНЕ лого, амблем

ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение во кое реагираше на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска пред медиумите го покажа мерцедесот од 600 илјади евра купен пред пет години од Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

„Состојбата во која се наоѓа блиндираниот мерцедес најдобро покажува како СДС се грижи за државниот имот. Токму владиното мнозинство го води Министерството за внатрешни работи скоро цела година и нивна е одговорноста за состојбата во којашто се наоѓа возилото", соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО ДПМНЕ, доколку СДСМ смета дека мерцедесот е непотребен, може да го продаде.

Опозициската партија во дописот наведува дека на новата Влада е одговорноста дали во вакво возило би ги превезувале високите делегации кои би доаѓале во Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки.

XS
SM
MD
LG