Достапни линкови

ОН - ИД убила повеќе од 230 цивили кои бегале од Мосул


Цивили бегаат од Мосул.

Екстремистичката група Исламска држава убила повеќе од 230 цивили, кои се обидувале да избегаат од борбите во ирачкиот град Мосул во изминатите две недели, соопштија Обединетите нации повикувајќи се на веродостојни извештаи. Во денешното соопштение од Канцеларијата на ОН за човекови права се наведува дека најмалку 204 цивили, меѓу кои и жени и деца биле убиени за само три дена во текот на минатата недела. Во извештајот стои дека се работи за „значајна ескалација“ на убиства на цивили кои се обидуваат да избегаат од борбите во Мосул каде борците на ИД војуваат со провладините сили.

Во соопштението на ОН се споменува и дека меѓу 50 и 80 цивили биле убиени во воздушните напади на 31 мај во Занјли, уште една област која е во рацете на Исламската држава.

ОН ги повика ирачките безбедносни сили и нивните коалициски партнери да се осигураат дека ги преземаат сите можни мерки за да се избегнат цивилни жртви.

XS
SM
MD
LG