Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - Владата на Заев е антиреформска


Архива - Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти оти смета дека новата Влада на премиерот Зоран Заев наместо да биде реформска е антиреформска и дека наместо со подготвени и квалитетни кадри таа избилува со министри полни со кривични пријави без респектабилно работно искуство, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев ветувал дека ќе се фокусира на економијата, а во реалноста бегал од одговрност и дека министрите задолжени за привлекување странски инвестиции немале меѓународно искуство.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така соопштија дека откако деновиве СДСМ ја преземале власта, во недостиг на идеи решиле да лиферуваат лажни вести за наводно луксузирање на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие вести биле „објавувани на медиумите СДС/Сорос.“ Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денска на прес-конференција исто така соопшти дека новиот генерален секретар на Владата Драги Рашковски имал анти-НАТО ставови штетни за евро-атланските интеграции на Македонија и за нејзиниот имиџ.

XS
SM
MD
LG