Достапни линкови

Ракометарите на Вардар пристигнаа, ќе слават на плоштад


Архива - Фотографија од прославата на победата на екипата на Вардар на Лига шампиони во ракомет. 04.06.2017

Ракометарите на европскиот шампион Вардар пристигнаа на аеродромот „Александар Македонски“ во Скоипје, каде беа пречекани од нивните фанови. Тие од таму ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде веќе се подготвува сцена за нивен пречек. Тие од аеродромот во центарот на Скопје ќе пристигнат во отворен автобус на кои се ставени обележјата на клубот. Ракометартите на себе го носат златниот медал, а во рацето пехарот и македонското знаме. Пречекот го организира Град Скопје, а имше и бесплатен организиран превоз за фанови на клубот.

XS
SM
MD
LG