Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ-Јавното обвинителство не смее да се претвори во одделение на СДСМ


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира пренесувањето на предметите поврзани со насилствата на 27 април во Собранието од Основното јавно обвинителство во Обвинителството за гонење организиран криминал, но нема да одмолчи политички мотивирано и непринципиелно постапување, рече денеска Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ апелира Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување. Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДСM за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност“, рече Стаменковска.

Според неа, обидите на СДСМ и како што ги нарече, медиумите под нивна контрола да имплицираат некаква одговорност на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не било ништо друго освен политичка пресметка, обид за манипулација и обид за прикривање на одговорноста за политичкото насилство кое претходеше на физичкото.

„Лудилото стимулирано од СДСМ и Заев во кое се оцрнуваат невини луѓе, се прават хајки и се врши линч мора да престане. Градењето на таква перцепција нема да ги амнестира од одговорност за нивните криминали кои не застаруваат“, нагласи Стаменковска.

Taa, исто како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера, рече дека до обидот за атентат врз поранешниот министер за здравство и член на извршниот комитет на партијата Никола Тодоров довеле деструктивното однесување на СДСМ, невладините организации, како што рече, под контрола на Сорос кои три години организирано ширеле хистерија која требало да резултира со крв и насилство.


XS
SM
MD
LG