Цунами бранови го погодија североисточниот брег на Јапонија по земјотресот со сила од 6,9 степени. Брановите биле високи околу еден метар и зафатиле дел од брегот во близина на нуклеарната централа во Фукушима во која по цунамито во 2011 година имаше нуклеарни несреќи.