Достапни линкови

УНХЦР- 3740 мигранти загинале годинава во Средоземното море


Сириски бегалци излегуваат од чамец на грчкиот остров Кос, август 2015 година

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации соопшти дека 3740 мигранти загинале годинава во Средоземното море, бројка што е слична со минатата година кога загинаа вкупно 3771 мигранти.

Портпаролот на УНХЦР Вилијам Спиндлер денеска рече дека бројката на загинати е алармантна бидејќи минатата година речиси три пати повеќе луѓе се обиделе да го поминат Средоземното море. Спиндлер додаде и дека ова е нешто најлошо што се случило во Средоземното море.

Во 2015 година повеќе од еден милион луѓе се обидоа да поминат, а годинава таа бројка изнесува околу 328 000.

XS
SM
MD
LG