Повеќе од 700 бегалци, повеќето од Авганистан, во помал број од Сирија и од Ирак, веќе четири вечери се заглавени во транзитниот центар Табановце на македонско-српската граница. Србија не им дозволува влез во земјата, зашто не ги смета за бегалци од војна, оти претходно живееле во други држави во кои нема војна.