„Слика или како сакаш“ е насловена заедничката изложба на Ангел Миов, Борче Богоевски и Гоце Јанкуловски, што на 9 декември ќе биде отворена во Галерија ФЛУ-Скопје. Тројцата уметници, преку својот творечки ракопис, ќе се обидат „најсериозно да го најават повторното враќање на сцената на некои подзаборавени принципи и вредности, есенцијални, суштествени, ингениозни, крајно сериозни и во секој случај морални и материјални одговорности“.