Неколку стотици граѓани излегоа на протест во Скопје против воведувањето задолжително плаќање придонеси за хонорарците кое стапува на сила од почетокот на наредниот месец. Демонстрантите сметаат дека со ваквиот закон дополнително ќе осиромаши најзагрозениот дел од работниците, кои не можејќи да најдат редовно вработување, егзистенцијата ја обезбедуваат работејќи за хонорар, кој, според организаторите, не е ниту редовен, ниту висок. Хонорарците сега плаќаат само персонален данок од 10 отсто, а од први јануари, за хонорарите повисоки од минималната плата ќе се плаќаат и придонеси за пензиско и здравствено осигурување, со што вкупните давачки ќе надминат 35 отсто од хонорарот.
Протест против новите давачки за хонорарците
Категории
- Македонија
- Свет
- ТВ Тема на неделата
- ТВ Тема на денот
- Во 90 секунди