Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград беше прекинат откако дошло до туркање и упаѓање на навивачи на теренот. Претходно на стадионот се појави летало на далечинско управување на кое бил закачен транспарент со албанското знаме и со карта на голема Албанија.