Достапни линкови

Мапа на "Голема Кина" на кинеските пасоши


Мапата на новиот кинески пасош
Соединетите Држави соопштија дека планираат да му изразат загриженост на Пекинг за контроверзната мапа која е отпечатена во новите кинески пасоши. Во таа мапа на Кина се вклучени и територии на некои други држави. Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека мапата предизвикува тензии во регионот. Неколку земји, вклучувајки ги Виетнам, Филипини, Индија и Тајван протестираа против новите кинески пасоши,а Виетнам дури и не удира печати на нив. Кинеското министертво за надворешни работи соопшти дека мапата не е против ниедна земја.
XS
SM
MD
LG