Достапни линкови

Оставка на египетската влада


Од вчерашните немири во Каиро
Египетската влада синоќа поднесе оставка до владејачкиот Воен совет, но ќе остане на функцијата се додека не биде донесена конечна одлука за нејзината натамошна судбина. Оставката доаѓа по тридневните судири меѓу силите за безбедност и демонстрантите кои се незадоволни од бавноста на реформите по падот на режимот на Хосни Мубарак.
За време на немирите само на плоштадот Тахрир во Каиро загинаа неколку десетици луѓе. Од воените власти се бара што побрзо организирање слободни избори, кои се најавени за наредните неколку месеци, почнувајќи од крајот на ноември.
XS
SM
MD
LG