Достапни линкови

Политичар избегал од белоруската тајна полиција


Алес Михалиевич
Поранешен белоруски претседателски кандидат изјави дека избегал во странство за да избегне гонење од тајната полиција. Алес Михалиевич на својот блог пишува дека моментално се наоѓа на безбедна локација во странство. Сопругата на Михалиевич потврди за Радио Слободна Европа дека нејзиниот сопруг ја напуштил земјата. Во меѓувреме, се зачестуваат критиките за непочитување на човековите права во Белорусија. Меѓународната организација „Хјуман Рајтс Воч“ соопшти дека белоруските власти „арбитражно затворале и злоупотребувале стотици луѓе“ за време на протестите по реизборот на Александар Лукашенко за претседател во Декември минатата година. Во извештајот на организацијата се документирани прекршувања на човековите права од изборите до денес. Во документот се разгледуваат и кривични гонења на опозициски кандидати, злоупотреба на приведени лица, судења зад затворени врати и рации во невладини организации.
XS
SM
MD
LG