Достапни линкови

Вести

Ватерполистките на САД се нови светски шампионки

Ватерполистките на САД се нови светски шампионки, откако синоќа, во финалето во Рим, ја совладаа селекцијата на Канада со 7:6. Во натпреварот за бронзениот медал Русија ја победи Грција со 10:9.
Денеска се играат и завршните натпревари во машка конкуренција. Во финалето од 21 часот, среќаваат Шпанија и Србија, а во натпреварот за бронзениот медал ќе играат Хрватска – САД.

види ги сите денешни вести

Лидерите на ЕУ и Западен Балкан на самит во Тирана во услови на војна во Украина

ЕУ-Западен Балкан самит, Тирана

Лидерите на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан се собраа во албанскиот главен град Тирана на разговори со цел зајакнување на нивното партнерство во услови на руска инвазија на Украина. Брисел сака да го искористи еднодневниот собир - првиот самит ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи надвор од Европската унија - за да им каже на лидерите од Албанија, Босна, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да им дадат конкретни знаци, наместо само нејасни ветувања, дека еден ден ќе се приклучат на тој блок од 27 нации.

Самит ЕУ-Западен Балкан, што да се очекува?

„Убеден сум дека иднината на нашите деца ќе биде побезбедна со Западен Балкан во рамките на Европската унија и се надеваме дека ќе напредуваме во таа насока“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на почетокот на самитот. Највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, повтори дека засилувањето на ангажманот на блокот со шесте нации е поклучно од кога било за одржување на безбедноста на Европа со оглед на руската војна во Украина. Тензиите, исто така, се зголемија на Балканот од почетокот на конфликтот и ЕУ сака да избегне други точки на удар блиску до нејзините граници. Брисел е претпазлив и од битката за зголемување на влијанието во регионот од страна на Москва и Пекинг. „На Западен Балкан се наѕираат неколку кризи, а партнерите го чувствуваат непосредното штетно влијание на руската агресија врз Украина“, рече Борел минатиот месец. Според нацртот на декларацијата што треба да се усвои на самитот, ЕУ ќе ја повтори „својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство во Европската унија на Западен Балкан“ и ќе повика на забрзување на пристапните преговори со актуелните држави. За возврат, ЕУ очекува целосна солидарност од своите партнери од Западен Балкан и сака тие целосно да се усогласат со нејзината надворешна политика.

Вучиќ во Тирана: Кога не си на маса, си на менито

Присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој тврди дека сака да ја внесе Србија во Европската унија, но негува врски со Русија, беше неизвесно до ден пред самитот. Вучиќ рече дека одлучил да дојде во Тирана „по консултации со државните институции“. „Секогаш е подобро да се биде на маса затоа што кога не си на маса, ти си на менито“, изјави Вучиќ. Косовската претседателка Вјоса Османи истакна дека очекува јасни пораки од Европската Унија за перспективите за членство на нејзината земја. Османи ја потврди намерата на Косово овој месец да поднесе апликација за полноправно членство во ЕУ.

Американски тим во Македонија за поагресивно истражување на корупција на функционери

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер

Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани актери и кај сегашните функционери и кај минатите, напиша американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на Твитер. Таа пишува дека тимот ќе ги разгледа сите можни одговори.

„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, твитна амбасадорката.
Во последниот период борбата против корупцијата е мета на гласни критики од претставниците на меѓународната заедница.

Најпрво изборот на новиот шеф на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција кој има лични познанства со челниците на ДУИ, ја збуни американската амбасадорка Ангела Агелер, бидејќи како што рече, „САД потрошија милиони долари на обука на обвинители“ во правосудниот систем.

Набрзо потоа реагираше и евромбасадорот Дејвид Гир кој побара професионалност во институциите во случајот со доделувањето на македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД.

Вчера и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн истакна дека напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата.

Владата најави дека преку обезбедување непречена работа на институциите, внимавање на интегритетот и професионалноста на оние кои ги водат институциите и политичка волја, ќе се бори против корупцијата.

Самит ЕУ-Западен Балкан: Потпишан договор за намалување на роаминг тарифите

Тирана, 06.12.2022.

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.

Самит ЕУ-Западен Балкан, што да се очекува?

Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година. По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

Нејаснотии околу роамингот, операторите и регулаторите да се држат до договорот

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Вучиќ во Тирана: Кога не си на маса, си на менито

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Тирана изјави дека ќе разговара со сите од регионот и од Европа и дека „подобро е да се биде на маса“ бидејќи тоа е добра можност да ги зачува интересите Србија. „Секогаш е подобро да се биде на маса, бидејќи кога не си на маса, тогаш си на менито, ова е добра можност да се заштитат интересите на Србија“, им рече Вучиќ на новинарите во Тирана пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан. Кога станува збор за напредокот на регионот на полето на евроинтеграциите, тој рече дека не е оптимист, туку реалист и оти дошол во Тирана да ги слуша европските и регионалните претставници.

Самит ЕУ-Западен Балкан, што да се очекува?

Договорот за намалување на цените на роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ, чие потпишување беше најавено за време на самитот во Тирана, тој го оцени како важен за граѓаните од регионот. „Верувам дека овде ќе слушнеме нешто и за стратегијата на ЕУ за иднината и тоа е најважно за сите нас“, рече тој, додавајќи дека ќе има средби со сите, а како посебни билатерални средби ги истакна средбите со италијанската премиерка Џорџија Мелони и со холандскиот и белгискиот премиер Марк Руте и Александар де Кро.

Северна Кореја нареди артилериски оган како одговор на воените вежби на Јужна Кореја

илустрација

Војската на Северна Кореја денеска соопшти дека наредила артилериски оган втор ден по ред како одговор на воените вежби на Јужна Кореја. Неименуван севернокорејски воен портпарол изјави дека планираниот артилериски оган бил наменет како предупредување до Сеул поради артилериските вежби што ги спроведува во пограничниот регион. Соопштението беше објавено еден ден откако Северна Кореја истрела 130 артилериски проектили во морето во близина на нејзините западни и источни поморски граници со Јужна Кореја. Јужнокорејската војска изведува вежби со боева муниција на два полигони во регионот Чеорвон. Вежбите почнаа вчера и треба да траат до среда. Последните воени акции дополнително ги влошија односите меѓу Јужна и Северна Кореја.

Воени авиони на Кина и Русија влегле во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека распоредило мобилни ракетни системи за крајбрежна одбрана на северните Курилски острови што се протегаат меѓу Јапонија и рускиот полуостров Камчатка. Јапонија полага право овие острови, кои Токио ги нарекува Северни територии, територијален спор што датира од крајот на Втората светска војна, кога советските трупи ги зазедоа од Јапонија. Руските системи Бастион, кои имаат проектили со опсегот на летот до 500 километри беа распоредени на островот Парамушир, соопшти руското Министерство за одбрана.

На истокот на Украина продолжуваат тешките борби

Украинската војска користи самоодна артилериска инсталација 2C1 „Гвоздика“ од 122 мм во регионот Доњецк

Украинските сили се соочија со нова рунда руски напади на исток, соопшти денеска Генералштабот на украинската војска. Во меѓувреме техничарите се обидуваат да ја вратат електричната енергија по последниот бран ракетни напади на Москва што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целата земја. Руските трупи ја продолжија својата офанзива во областите Бахмут и Авдијевка во регионот на Доњецк, соопшти Генералштабот, додавајќи дека со тенковско и артилериско бомбардирање биле нападнати околу 20 населени места во областа, вклучувајќи ги Соледар, Верхнокамјанске, Андријивка и Јаковљивка. Официјалните лица предупредија дека критичната енергетска инфраструктура на Украина и понатаму е загрозена од дополнителни руски напади и дека повторно ќе има итни прекини во неколку региони.

Русија ги обнови ракетните напади врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање објави дека четири лица загинале во руските напади. Но, „нашиот народ никогаш не се откажува“, рече Зеленски. Околу половина од регионот околу украинскиот главен град ќе остане без електрична енергија во наредните денови по руските ракетни напади врз електроенергетските постројки, изјави регионалниот гувернер на Киев. Оштетувања претрпеа и други региони, при што сите пумпни станици за вода и резервни линии во регионот Одеса ја загубија електричната енергија и беше прекинато снабдувањето со вода.

Експлозии во две воздушни бази во Русија

Аеродромот во рускиот регион Курск преку границата со Украина, бил цел на „напад со беспилотни летала“, соопшти гувернерот Роман Старовојт, кој не прецизира од каде потекнува дронот. „Како резултат на напад со беспилотно летало во реонот на аеродромот Курск, се запали резервоар за складирање нафта“, објави Старовојт на социјалните мрежи, додавајќи дека нема жртви. До ова дојде еден ден откако Москва ја обвини Украина дека извршила смртоносни напади со беспилотни летала на два други аеродроми. Информацијата не можеше да биде независно потврдена. Исто така, Ројтерс објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден свикал виртуелен состанок на 8 декември со директорите на нафта и гас за да разговараат за тоа како Вашингтон може да ја поддржи украинската енергетска инфраструктура.

Во Вашингтон Меѓународна конференција за борба против корупцијата

Владата на САД, во координација со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот, заедно со Транспаренси Интернешнл организираат Меѓународна конференција за борба против корупцијата. Главна тема на конференцијата која ќе трае до 10 декември е „Искоренување на корупцијата: одбрана на демократските вредности“.

Германската амбасадорка Холштајн предупредува на проблемот со корупцијата во Македонија

Како што наведуваат организаторите, корупцијата ја поткопува демократијата и почитувањето на човековите права, ги попречува инвестициите, го задушува економскиот раст, ги попречува владините служби и дозволува криминалот да цвета.

Меѓународната критикува, власта уверува дека борбата против корупцијата е главен приоритет

Одговарајќи на оваа транснационална закана, американскиот претседател Џо Бајден ја утврди борбата против корупцијата како основен национален безбедносен интерес на САД, објавувајќи ја првата американска стратегија за борба против корупцијата и издигнувајќи ја борбата против корупцијата како столб на Самитот за демократија. Неговата администрација ги проширува и користи алатките за дипломатска и странска помош за да ги унапреди овие напори. Во оваа активност учествуваат 180 земји од светот.

Бугарија ги отфрли медиумските обвинувања за пукање врз бегалци на границата

мигранти на бугарско-турската граница (фотографија од датотека)

Бугарија ги отфрли обвинувањата дека нејзините граничари застрелале сириски бегалец во октомври, откако видеото објавено вчера покажува дека е пукано врз маж на границата со Турција. Снимката на која барател на азил е погоден со боева муниција на 3 октомври е дел од заедничката истрага на неколку европски медиуми предводени од Lighthouse Reports. На видеото снимено на турската страна на границата, млад човек паѓа на земја откако куршум му поминува низ раката и во градите. Мажот, на одделни снимки снимени неколку дена подоцна, се идентификува како 19-годишен Абдула Ел Рустум од Сирија. Тој рече дека бил застрелан од бугарски граничари откако неговата група била фатена додека илегално влегувала во Бугарија и била вратена назад во Турција.

Дали бугарското МВР работи со луѓе како Динко, „ловецот на бегалци“?

Бугарската влада ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека војниците кои ја чуваат границата строго ги следат меѓународните и домашните закони. „Нема случаи на насилство врз мигранти“, изјави министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, наведувајќи дека странските медиуми во последно време почесто известуваат за миграцијата преку бугарско-турската граница. Заедничката истрага предводена од Lighthouse Reports ги вклучи британската телевизија Скај њуз, францускиот весник Ле Монд, британскиот весник Тајмс, италијанскиот весник Домани, бугарскиот сервис на РСЕ и германската телевизија АРД.

Зошто Холанѓаните го блокираат влезот на Бугарија и Романија во Шенген?

„Има јасни заклучоци од двете страни дека нема докази дека е пукано од бугарски граничен полицаец и дека не се преземени активности за кршење на нечии човекови права“, рече Демерџиев. Тој додаде дека граничните службеници неодамна се соочиле со поголема агресија од луѓе кои се обидувале неовластено да влезат во Бугарија, вклучително и некои кои користеле камења и ножеви. „Ако некој очекува дека бугарската полиција нема да одговори на таквите акции, греши“, рече Демерџиев.

Во Приштина средба Лајчак-Курти

Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија и премиерот на Косово, Албин Курти

Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, денеска во Приштина ќе се сретне со премиерот на Косово, Албин Курти, соопшти Владата на Косово. Се очекува теми на нивниот разговор во вторник да бидат подготовките за средбата на претставниците на Приштина и Белград на највисоко ниво и натамошен напредок во процесот на дијалог за нормализација на односите. Вчера Лајчак во Белград разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на Самитот во Тирана

По средбата Вучиќ најави дека разговарале за последните настани на Косово и за проблемите со кои, како што рече, се соочуваат Косовските Срби поради „едностраните и нелегитимни потези на Приштина“. „Ја истакнав неопходноста од спроведување на договорот за Заедницата на српските општини и почитување на правата и волјата на нашиот народ“, најави Вучиќ. Тој изјави дека Србија е решена да продолжи со конструктивниот дијалог со цел мир и просперитет.

Ескобар: Ќе се спроведе одлуката за формирање Заедница на српски општини

Мирослав Лајчак дојде во Белград откако Србија ја критикуваше одлуката на косовскиот премиер Албин Курти минатата недела да го назначи Ненад Рашиќ, лидер на Прогресивната демократска партија, на функцијата министер за заедници и враќање во Владата на Косово. Претходно претставници на српската заедница во Косово ги напуштија косовските институции поради несогласување со одлуката на Приштина да ги замени српските регистарски таблички со косовски.

Во Скопје продолжуваат блокадите на приватните превозници

Протест на приватните превозници на автобуси во Скопје

Приватните автобуски превозници денеска ги продолжија блокадите на неколку од главните сообраќајни точки во Скопје. Тие, како што наведуваат, нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Вчера „Слобода превоз“ упати извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот. „Приватните превозници бараат поддршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот“, се наведува во пораката на Слобода превоз.

Јовановски: Ако не се расчисти долгот со приватните превозници, протестите продолжуваат

Директорот на Слобода превоз, Ленин Јовановски побара од останатите институции да се вклучат во изнаоѓање решение за овој проблем и најави дека е можно одредено проширување на протестите. Премиерот Димитар Ковачевски од друга страна, обвини дека хаосот што во овој период му се случува на Градот Скопје е, како што рече, само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Тирана

Во Тирана денеска почнува состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан. Ова е прв самит меѓу ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи во регионот на Западен Балкан. Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Самитот. Учесниците на Самитот, како што е најавено, ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји. Самитот е можност да се потврди клучната важност на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, регион со јасна перспектива на ЕУ.

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на Самитот во Тирана

Главните теми на разговор ќе бидат: заедничко справување со последиците од руската агресија врз Украина, зајакнување на безбедноста и градење на отпорност против странско мешање, справување со предизвиците што ги носи миграцијата и борбата против тероризмот и организираниот криминал Се очекува лидерите да издадат декларација на крајот од самитот.

ЕУ предложи Акционен план за соработка со Западен Балкан за илегалната миграција

Лидерите ќе разменат мислења за заедничко решавање на управувањето со миграцијата бидејќи бројот на миграциската рута на Западен Балкан значително се зголеми во изминатата година. Ова вклучува усогласување со визната политика на ЕУ и соработка за системите за враќање.

Времето денеска: променливо облачно

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро наместа со појава на магла. Дневната температура ќе се движи од 7 до 13 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 12 степени.

Средба Груби-Агелер за уставните измени, реформите и ветингот

Средба меѓу вицепремиерот Артан Груби и амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Денеска се одржа средба меѓу вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, на која се разговорало за потребата од уставните измени, ЕУ-интеграцијата, реформите и процесот на ветинг.

Како што соопштија од кабинетот на Груби, посебен фокус бил ставен на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат на земјава, при што било проценето дека „нема време за губење“.

Во соопштението се наведува дека функционирањето на владината коалиција било оценето како „квалитативно“, а Груби истакнал дека европскиот пат бара заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат посветени на поддршката за реформи и овозможување функционална и стабилна демократија.

Тема на разговор бил и предлогот за ветинг што треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите, како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Агелер пред еден месец дојде во земјава како нова амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Абазовиќ и Зеленски потпишаа декларација со која Црна Гора ќе помага на армијата на Украина

Видео повик на претседателот на Украина, Володимир Зеленски и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ

Техничкиот премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска потпишаа заедничка Декларација за евроатлантската перспектива на Украина.

Како што појаснија од Владата на Црна Гора, земјата се обидува да ја поддржи одбраната на Украина, со донирање 11 отсто од средствата од воениот буџет, како и преку хуманитарен аспект и прием на илјадници бегалци.

Зеленски во видео обраќање рече дека Црна Гора и Украина имаат пријателски односи, без скриени намери.

„Благодарам вам и на народот на Црна Гора за поддршката од првиот ден. Црна Гора е и дом на бегалци, жени и деца, семејства на кои им е потребна поддршка од почетокот на агресијата. Ви благодариме што верувавте во нашата победа, која ќе биде споделени“, рече Зеленски.

По Белгија и Чешка, Црна Гора е трета земја во Европа што ја потпиша оваа Декларација.

„Црна Гора недвосмислено ја поддржува Украина во заштитата на нејзиниот интегритет и нејзиното право да избира како сака да живее и во кои организации сака да се приклучи“, рече Абазовиќ на прес-конференција по потпишувањето на Декларацијата.

Имено, Украина на крајот на септември поднесе барање за членство во НАТО по забрзана постапка. Нејзиното членство во моментов е поддржано од десет членки на Алијансата. За да бидат примени во НАТО, сите 30 членки треба да го одобрат ова барање.

Угостителските услуги за една година поскапеа за 17 отсто

Илустративна фотографија

Државниот завод за статистика соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1 %.

Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9 %, додека пак, во споредба со октомври годинава, растот изнесува 0.1 %.

Инфографика - Колку лебови годишно „јаде“ инфлацијата?
Инфографика - Колку лебови годишно „јаде“ инфлацијата?

Притоа ако се направи споредба на овој со минатиот ноември, најголемо поскапување има во Храна за 22,1%, Алкохолни пијалаци 10,7% и Безалкохолни пијалаци за 7%. Ноќевањата пак се поскапени за 3,9%.

Инфлацијата во октомври пак годинава во споредба со истиот период лани изнесува 19,8 отсто. Владата очекува постепено стабилизирање, а за 2023 се прогнозира стапката на инфлација да изнесува 7,1 процент.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG