Достапни линкови

Претседателски и локални избори


Гласачи
Гласачи
На полноќ почна предизборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на утрешниот изборен ден. Утре, речиси 1,8 милиони регистрирани избирачи ќе може да гласаат на преседателските и на локалните избори. Во трката за Претседател влегуваат седуммина кандидати, а за 85-те градоначалнички позиции се борат 365 кандидати. Од нив, единаесетмина претендираат на градоначалничката функција во Скопје, а 64 кандидати се борат за десет градоначалнички места во скопските општини.

За разлика од минатог одишните парламентарни избори, кога мониторинг мисијата на ОБСЕ/ОДИХР распореди 180 странски
Овој пат станува збор за претседателски и локални избори, и најискрено локалните избори се многу покомплексни за набљудување од парламентарните избори. Имате 84 различни кандидатски листи за градоначалник и над сето тоа тука се и кандидатите за општински советници. За тоа навистина се потребни повеќе луѓе за да се следат сите овие случувања.
набљудувачи, овие избори ОДИХР побара од земјите членки на ОБСЕ да испратат 300 набљудувачи за следење на изборите.
Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Питер Ајкер вели дека овие избори се многу покомплексни за следење од минатите.

„Бројот е зголемен од неколку причини. Една причина е што има голем меѓународен интерес за овие избори и ние сме охрабрени од земјите учеснички да имаме добра и силна мисија овдека. Второ, овој пат станува збор за претседателски и локални избори, и најискрено локалните избори се многу покомплексни за набљудување од парламентарните избори. Имате 84 различни кандидатски листи за градоначалник и над сето тоа тука се и кандидатите за општински советници. За тоа навистина се потребни повеќе луѓе за да се следат сите овие случувања. На парламентарните избори имате само неколку партии кои се кандидираат.“

вели Питер Ајкер.

Избирачко место
Граѓаните што ќе гласаат на утрешните избори, ќе добијат по три гласачки ливчиња – едно за Претседател, едно за градоначалник и едно за советничка листа. Скопјани, пак, на тие три, ќе добијат и дополнителни две гласачки ливчиња, зашто покрај за градоначалник и советници на нивната општина, тие гласаат и за градоначалник и за советници за градот Скопје.
Наместо, како досега, да има само еден избирачки список, на кој треба да се потпишат граѓаните пред да гласаат сега ќе има два списока – еден за локалните и еден за претседателските избори.
По желба на гласачите, законот дозволува, тие да гласаат само на локалните, но не и на претседателските избори или обратно. Сепак, избирачите кои гласале само на едниот тип избори, не може повторно да се вратат и да гласаат за другиот тип.

„Тоа е најмногу поради обележувањето на палецот на гласачот и поради навистина комплексната процедура на гласање, којашто не може да се изведе поинаку за ваков тип избори, кога двата типа избори се обединуваат во еден,“

посочува директорот на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.
Процедурата како процедура веќе во неколку наврати имаме констатирано дека ќе биде најкомплексна до сега откако Македонија спроведува избори, во таа насока неопходно е ефикасно спроведување на процедурата од страна на избирачкиот одбор, посебно во градот Скопје


Сето ова ја усложнува и ја успорува процедурата на гласање на изборите. Времето потребно за еден избирач да гласа, сега ќе биде подолго, во однос на минатите избори, посочува Алексов.

„Процедурата како процедура веќе во неколку наврати имаме констатирано дека ќе биде најкомплексна до сега откако Македонија спроведува избори, во таа насока неопходно е ефикасно спроведување на процедурата од страна на избирачкиот одбор, посебно во градот Скопје.“

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи изборите со 3750 домашни набљудувачи, распоредени на околу две третини од гласачките места. Овие набљудувачи ќе имаат поддршка и од 84 мобилни тимови на МОСТ. Директорот на МОСТ, Дарко Алексов се надева дека утре вечер, и тие покрај Државната изборна комисија, ќе излезат со првични резултати за изборите.

За се да помине во најдобар ред, потребни се информирани гласачи и добро едуцирани избирачки одбори, вели Алексов.

„Добро едуциран одбор и добро едуцирани гласачи е основа, кога тука ќе ја додадеме и волјата кај политичките партии е основата за добар квалитет на изборниот ден.“

Портпаролот на ДИК Зоран Таневски вели дека Комисијата е свесна за специфичноста на овие избори. ДИК ги обучи членовите на избирачките одбори, вели Таневски.

„Во текот на обуката на сите избирачки одбори им е укажувано на специфичноста на овие избори.“

Добро упатени извори во избирачкиот процес, сепак, се сомневаат дека во текот на денот ќе може да гласаат сите заинтересирани. Тие
Безбедносните сили, секако дека имаат важна улога во изборите и доколку тие се придржуваат до пропишаните правила, можат да придонесат за создавање на безбедна и мирна атмосфера за изборите, но не смеат да интервенираат во самиот процес
очекуваат, особено во вечерните часови, пред затворањето на гласачките места, да се создадат големи редици луѓе што чекаат да гласаат. Гласачките места ќе бидат отворени утре наутро во седум часот, а ќе затворат во 19 часот навечер.

„Сите лица кои ќе се затекнат во избирачкото место по истекувањето на рокот, ќе им биде овозможено да гласаат.“

вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Сепак, останува отворено прашањето што ќе се случи ако во гласачкото место не ги собира сите луѓе што дошле да гласаат пред 19 часот.

По минатогодишните насилни избори, Европската комисија го воведе одржувањето фер и демократски избори како девета одредница според која ќе го оценува напредокот на Македонија.
Меѓународната заедница и граѓанскиот сектор вршат силен пристисок врз сите политички субјекти да нема насилство на утрешниот ден.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека, во пресрет на изборите, Владата изработила акционен план во кој се содржани задолженијата на сите институции.
Според најавите од МВР, и на овие избори полициските патроли ќе имаат со себе мобилни телефони со кои ќе бидат поврзани со избирачките одбори. На тој начин тие ќе бидат во постојан контакт со сите избирачки места во земјава. Во случај да има некаков несакан инцидент, претставниците на избирачките одбори и на општинските изборни комисии ќе можат да ја информираат полицијата за таа веднаш да реагира.
Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Питер Ајкер вели дека полицијата може да придонесе за создавањето мирна атмосфера.

„Безбедносните сили, секако дека имаат важна улога во изборите и доколку тие се придржуваат до пропишаните правила, можат да придонесат за создавање на безбедна и мирна атмосфера за изборите, но не смеат да интервенираат во самиот процес.“

Невладината организација Цивил, во рамките на поектот Избори без пиштоли, со 15 набљудувачи во 10 општини во Македонија ќе ги
Ние сме генерлано задоволни од однесувањето на медиумите. Ми се чини дека медиумите како никогаш до сега ги почитуваат правилата на Советот и се однесуваат многу попрофесионално и се надевам дека овој тренд ќе се задржи до крај
следи изборите единствоено од аспект на појавата на оружје и оружено насилство.
Претседателот на Цивил Џабир Дерала вели дека во досегашниот тек на кампањата забележале само помали проблеми во однесувањето на политичките партии.

„Во редовната комуникација со нашите работни групи до сега дознаваме само за помали проблеми во предизборното однесување на политичките партии. Тие без разлика на тоа што се минорни во споредба со ланскиот хорор, апелираме да се отстранат и воопшто да ги нема на изборниот ден.“

Според досегашното однесување на политичките партии, Дерала очекува, утре, оружјето да мирува.

„Со оглед на вокабуларот на досегашните активности, ако погледнеме се заедно, мислам дека ќе имаме празничен, коректен и фер изборен ден.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере на предновогодишниот брифинг со новинарите сериозно ја критикуваше слободата на медиумите. По сериозните критики од Фуере, уште неколкумина странски дипломати посочија дека ако нема балансирано известување во предизборната кампања изборите не можат да се сметаат за фер и демократски.

Првичната анализа на медиумското покривање на изборите, која во рамките на проектот Медиумско огледало ја подготви НВО-инфоцентарот за последната недела пред почетокот на кампањата и првата недела од предизборната кампања, покажува дека медиумите чии сопственици се партиски активни, информираат пристрасно и пропагандистички.

Сепак во Советот за радиодифузија велат дека медиумите се однесуваат попрофесионално во однос на сите досегашни предизборни кампањи.

„Ние сме генерлано задоволни од однесувањето на медиумите. Ми се чини дека медиумите како никогаш до сега ги почитуваат правилата на Советот и се однесуваат многу попрофесионално и се надевам дека овој тренд ќе се задржи до крај.“

вели претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефанов ски.

Медиумите и партиите во текот на предизборниот молк треба да се воздржат од се што може да значи промовирање на актвности и платформи на политичките партии, посочува Стефаноски.

„За време на изборниот молк граѓаните треба да слушаат музика, да може да се ослободат од целиот притисок од изборната кампања, за да можат растеретени да ја извршат својата граѓанска должност и уставно право.“

Според Уставот, претседателот има мандат од 5 години и може на таа функција да се задржи најмногу два мандати. Нема потпретседател, а во случај на смрт или оневозможување на претседателот, таа улога ја презема претседателот на Собранието.
За да биде избран во првата рунда од гласањето, претседателскиот кандидат мора да добие најмалку половина од регистрираните гласачи плус еден глас. Доколку ниту еден од кандидатите, утре, не успее да ги собере овие гласови, во вториот круг, што ќе се одржи за две недели ќе се судрат двајцата најуспешни кандидати. Кандидатот што ќе добие просто мнозинство во вториот круг ќе биде нов претседател на Македонија, доколку на изборите излезат најмалку 40% од гласачите.
Шефот на државата е главниот претставник на земјата во меѓународната заедница, и е главен командант на вооружените сили.

Локалните избори се одржуваат еднаш на секои 4 години. Според Изборниот закон, секој полнолетен македонски граѓанин може да се кандидира за градоначалник или советник во местото каде што живее.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG