Достапни линкови

„Дигитални лепачи на плакати“ коментираат текстови на Интернет


Во последниве неколку денови интернет-адресите на медиумите се преплавени со коментари со кои се величи или се навредува одредена политичка опција. Напливот на коментари од божемни редовни читатели, кои одат во прилог на некоја партија е најизразен кај медиумите кои на интернет изданијата, под новинарските текстови ги објавуваат и коментарите на читателите.

Уредникот на интернет изданието на Утрински весник, Зоран Ричлиев кој ги модерира коментарите вели дека е преплавен со писма од читатели за кои се сомнева дека се дел од организирана група, иако пишувачите се анонимни.

,,Дефинитивно станува збор за организирани групи. Технички прилично се запознаени со условите на сајтовите и начинот на нивното функционирање. Се користат формите на сајтовите кои се анонимни."

Дефинитивно станува збор за организирани групи. Затоа што еден човек е премногу тоа да го прави и технички се прилично запознаени со условите и со начините на кои функционираат сајтовите кај нас. Се користат формите на сајтовите кои се анонимни.

Комуникологот и интернет консултант Дарко Булдиоски вели дека и според неговите согледувања на интернет комуникацијата коментирањето на страниците на медиумите е организирано.

,,Де факто постои организирано коментирање. Постојат луѓе чијашто обврска е да го прават тоа, да одат каде што се дискутира и да оставаат коментари."

Де факто постои организирано коментирање. Постојат луѓе чија што ајде да не речеме обврска е да го прават тоа. Значи да одат на интернет да следат кај се одвива дискусијата, да коментираат со одредена цел.

Програмскиот координатор на фондацијата за развоја на информациско општество Метаморфозис Филип Стојановски вели дека е многу тешко да се докаже дека тие коментатори, популарно наречени спамери, се дел од организирана група. Сепак тој вели дека партиските активисти ги користат и новите медиуми за да наметнат одреден став.

,,Популарно речено дигитални лепачи на плакати, коишто оставаат навредливи забеешки или едноставно сакаат да ја задушат дискусијата на даден форум."

Или пишување коментари популарно наречено дигитални лепачи на плакати кои што најчесто оставаат навредливи некои како забелешки или едноставно сакаат да ја задушат дискусијата на даден форум.

Помладиот асистент во центарот за истражување и креирање политики Ристе Змејкоски го истражува влијанието на интернетот во политичкиот маркетинг. Змејкоски се сомнева дека коментаторите се организирани од партиските служби за информирање на граѓаните. Според него, ваквите кампањи може да влијаат на креирањето на јавното мислење.

,,Јас сум запознаен само дека во центрите за комникација, или под под координација на центрите за комуникација има луѓе ангажирани исклучитечно да се јавуваат во контактни емисии и да оставаат коментари на информативни портали. Јас дури ги препознавам и имињата и стилот на пишување на одредени луѓе."

Јас сум запознаен само дека во центрите за комуникација или под координација на центрите за комуникација на политичките партии има луѓе кои што се ангажирани исклучително да се јавуваат во контактни емисии и да оставаат коментири на информативни портали. Јас веќе дури и ги препознавам и имињата и стилот на пишување на одредени луѓе.

Најголемите партии меѓусебно се обвинуваат дека креираат лажна слика за мислењето на народот. Сепак ова не е прв случај во медиумите да се појавуваат сомнителни резултати за мислењето на јавноста. Пред неколку години, новинарите на А1 открија дека во анкетата за територијалната поделба на емисијата Чуму, се гласало од телефони во јавни институции за да се создаде впечаток дека јавноста ја подржува таа одлука.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG