Достапни линкови

За експертите тоа е удар за операциите на САД во Авганистан и предизвик за новата администрација


Претседателот на Киргистан Курманбег Бакиев изјави дека американските трупи ке мора да ја напуштат воздушната база во Манас, бидејки Вашингтон не успеал да обезбеди подобра компензација за нејзинито користење. Алиев ова го изјави по средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев кој на Киргистан му понуди 2 милијарди долари кредит. Според аналитичарите ова е удар врз американските операции во Авганистан и предизвик за новата американска администрација.

Американската амбасада во Бишкек се уште не добила известување дека киргистанските власти наредиле затворање на воената воздушна база во Манас од таму со најава дека разговорите со киргистанските власти продолжуваат. Претседателот на Киргистан Курманбег Бакиев вчера изјави дека американските трупи ке мора да ја напуштат базата, бидејки Вашингтон не успеал да обезбеди подобра компензација за нејзинито користење.

„Ние разговаравме со нашите американски партнери но за жал не дојдовме до разбирање.“

На Бакиев, односно на Киргистан, претходно рускиот претседател Дмитриј Медведев му понуди 2 милијарди долари кредит.

„Русија ке му обезбеди на Киргистан 2 милијади кредит и 150 милиона финансиска помош.“

Соединетите Држави во оваа база имаат околу 1200 војници и таа е клулчен центар за подршка на американските операции во блискиот Авганистан. Рускиот Претседател Дмитриј Медведев изјави дека и покрај одлуката на Киргистан, двете земји ке продолжат да соработуваат со Соединетите Држави во Авганистан. Пентагон пак изрази надеж дека разговорите на оваа тема ке продолжат додека Стејт департментот соопшти оти затворањето на базата нема да ги запре воените операции во Авганистан. Воениот аналитичар во Москва Павел Фелгенхауер смета дека ова сепак ке влијае врз влошување на американско руските односи.

„Операциите во Авганистан се приоритет на новата американска администрација на Барак Обама и сега Русија користи пари да ги истера американците од Киргистан од базата која ја користат за такви операции. Тоа е опструкција. Тоа е директен предизвик за Обама од Путин и Медведев.“

вели Павел Фелгенххауер. Тој додава и дека дека базата во Манас е трн во око на Русија и Кина, бидејки таа може да се користи и за собирање на разузнавачки податоци а познато е вели, дека Русија и Кина тестираат разни воени системи во Централна Азија. Мирослав Нијазов поранешен секретар на Советот за Безбедност на Киргистан а сега опозиционен политичар смета дека ова ке има поширок негативен ефект врз Киргистан.

„Претпоставувам дека ако ја затвориме базата, тоа ке има голем негативен импакт а ке се јават и многу дупки во безбедноста на Киргистан. Американската база е фактор кој влијае врз западните инвестиции, бидејки нејзиното постоење значи безбедност за таквите инвестиции.“
XS
SM
MD
LG