Достапни линкови

Доколку состојбата се влошува државата ќе мора да реагира со социјални пакети, велат експертите


Социјалниот притисок се зголемува во државава. Кулминира со за оваа недела закажаниот генерален протест на синдикатот по претходните протсети, само како најава, што се одржаа во неколку градови во земјава. Работничките права секојдневно се намалуваат, вработените веќе немаат никаква сигурност на работните места, а животниот стандард континуирано бележи пад. Во услови на постојано влошување на економската состојба, се нема никаков дијалог со власта, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Кога би се воспоставил нормален социјален дијалог, кога нашите забелешки кои се оправдани и аргументирани би ги прифатила владата мислам дека ќе имаме заеднички придонес во надминување на сите овие пробеми, а вака само се зголемуваат, се наталожуваат и расте незадоволството кај граѓаните и работниците.“

Изјавува Пеце Груевски портпарол на ССМ. Во исто време со зголемувањето на незадоволството меѓу работниците, со барање до власта да им овозможи материјлано згрижување излегуваат и стечајните работници со над 25 години стаж, односно оние незадоволни кои кои не беа офатени со законот за материјлано обезбедување донесен летово:

„Сега ние протестираме против Владата за овој закон. Јас сум на пример 7 години под стечај, имам 55 години старост и 37 години стаж, а немам никаков придонес.“

Во ионака лошата економска состојба во земјава, дополнителни негативни последици предизвикува и глобалната економска криза. Повеќе компании од металуршката индустрија работат со преполовен капацитет, а стотици работници се испраќаат дома. Во ваква ситуација не се убедливи податоците дека невработеноста се намалува, напротив на многумина работните места не им се сигурни:

„Се конзервира опремата, да се отпуштат, кај нас работат 550 работници да останат 40-тина работници и тоа е ... Друга варијанта немаме, неможеме да работиме со намален капацитет.“

Изјавува Николајчо Николов директор на рудникот за бакар и злато Бучим објаснувајќи ги мерките кои ќе бидат да ги преземат доколку состојбата продолжи да се влошува. Експертите предупредуваат дека не не очекува нималку ,,розова“ ситуација и оти мора да се преземат одредени мерки, односно преку социјални пакети да се контролира состојбата:

„На луѓето им е тешко, на оние кои што ќе останат без работа. За тоа дражавата ќе мора да го решава со социјални пакети и програми нема друго.“

Советува професорот од Европскиот Универзитет Зоран Ивановски.
XS
SM
MD
LG