Достапни линкови

Економската криза е како војна, невозможно е да се конзервира


Сегашна Депресија, под овој наслов весникот Вашингтон Пост објавува коментар во врска со планот на американската админситарција за спасување на финансиските пазари во земјата. Во него, авторот Ричард Коен споредувајќи ја оваа со Големата депресија во почетокот на минатиот век вели: Економската криза е како војна. Невозможно е да ја конзервираш.

Ме утеши тоа што Бен Бернанке, шефот на бордот на Федералните резерви и архитект на финансискиот спасувачки план е специјалист за Големата депресија. Станува збор за економската несреќа што ги опседна Соединетите држави од илјада девестотини дваесет и деветата до четириесет и втората година и која заврши само откако Америка влезе во војна. Депресијата беше запрена со крвопролевање во светот. Депресијата не беше само економска криза. Таа беше и политичка и културна криза. Придонесе за појава на тоталитарни движења во Европа и Јапонија, но и во Америка. Овие работи тешко се мерат, но американската демократија никогаш не била толку растресена како за време на Големата Депресија. Реториката во Вашингтон по се изгледа ја заборава историјата. Зборува само за финансиски проблеми и е во потрага по виновници. Алчноста е осудена како да е нешто ново и можно да се контролира, а за целиот проблем се дискутира како за ништо друго освен за загрозување на некои богати институции и на нивните менаџери. Големата депресија не учи поинаку. За нејзино време се појавија фашистички партии во Европа, а се осоколи и комунизмот. Луѓето беа очајни, па затоа и бараа очајнички решенија. Тешко може да се предвиди дали тоа може да се случи повторно. Но зошто да не? Светот е помало место отколку што беше во дваесет и деветата година. Се глобализиравме, финасиските пазари ни се испреплетени. А и духот на времето се менува наеднаш. Големата депресија не беше само период на огромна невработеност и неверојатна сиромаштија. Тоа беше време на Хитлер и Мусолини, но и на верабата на инаку паметните луѓе дека комунизмот е лек за нашата болка. Економската криза е како војна. Невозможно е да ја конзервираш. Зафаќа се што ќе допре. Бен Бернанке го знае сето ова. Но, тој можеби се фокусира само врз страшните бројки на Големата депресија. ,,Гледам една третина од нацијата без домови, слабо облечена и слабо исхранета,, велеше претседателот Френклин Рузвелт, но ние мора да ги знаеме и социјалните и културните последици. Можете да кажете дека планот за спасување е за иднината. Но навистина, тој е за минатото, се наведува во коментарот во Вашингтон пост.
XS
SM
MD
LG