Достапни линкови

Според експертите причината е нервозата на домашните политичари заради очекуваните оценки од ЕУ


По вчерашната релација на владата за реториката на евро амбасадорот Фуере и неговиот однос и комуникација денеска аналитичарите со различни ставови за тоа дали со ваквите јавни препукувања се одлачеуваме од европскиот курс. Според професорот Димитар Мирчев односите со унијата и со нејзината делагција во змејава и покрај несогласувањата остануваат добри. Тоа нема да влијае врз нашите односи со Брисел додава тој:

„На ова гледам како на ситуационен проблем, кој ништо не менува во нашите односи со Унијата. Тие остануваат уредени и правно и политички.“

Тогаш зошто имаме вакви препукувања со преставниците на Унијата. Мирчев вели дека криртиките на амбасадорот Фуере не треба да се свакаат негативно а реакцијата на нашата влада според него се должи на нервозата на домашните политичари:

„Има во нашиот политички живот една нервоза во последно време заради очекуваните оценки во извештајот на ЕУ и таа нервоза некогаш создава и несоодветни реакции на некои настани.“

Со споротивен став е аналитичарот Хисен Рамадани. Ризична за нашите односи со унијата е ваквата реторика на владата оценува тој.

„Јас како граѓанин сум изненаден, заради толкавата нечувствителност околу последиците од страна на владата.“

Според него изјавата на Фуере го искажува ставот на целата унија кон нас а тоа како што вели го потврдува и присутсвото амбасадорот на земјата претседавач со унијата Франција во моментот кога беа упатени главните критики

„Мислам дека владата на некој начин, условно речено недипломатски се однесува кон меѓународната јавност, а особено ЕУ. Дали прашањето за името е единствено прашање, или е главно, а има и други прашања, тоа е тема за расправање. Факт е дека во ЕУ, и на самиот Груевски му беше дадено до знаење дека не се задоволни со политиката на владата.“

Инаку реакцијата на анонимните владини извори кои вчера ги цитираа медиумуте беше потикната од ставот на Фуере дека владата не треба да се повикува на тоа дека само поради спорот со името со Грција нема да добиеме датум за почеток на преговорите во есенскиот извештај на европакста комисија. Евроамсадорот посочи и на проблемите дома осносно лошо организирани избори, отсутвото на политички дијлаог и нефункционирањето на институциите,
XS
SM
MD
LG