Достапни линкови

Нимиц претходно треба да се откаже од преговорите, сметаат македонските аналитичари


Медијаторот Нимиц треба да се откаже од посредништвото меѓу Македонија и Грција, за тоа да го извести генералбниот секретар на Обедините Нации па потоа спорот да се префрли на повиоско ниво во организацијата и за него да решава Советот за безбедност велат аналаитичарите. Шпекулациите дека работите може да добијат ваков тек се појавија откако аналитичарот Сем Вакнин во колумна обајви дека америјкаснкиот државен секретар Рајс на 23 идниот месец на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија ќе им презентоира план кој наредниот ден ќе биде поднесен и во Советот за безбедност на Обедините Нации кој би требало да го веруификува. Во мегувреме спротивно од галсините во грчките медими дека Нимиц планира да ги замрзне прегиоворите тој закажа нова средба со македонскиот и грчкиот преговарач околу 10 септемри во Њујорк. Преговорите засега имаат нормална динамика и тек и заради тоа нема причина спорот да се префрли на повисоко ниво смета универзитетскиот професор Димитар Мирчев

,,Преговорите, односно разговорите се одвиваат преку ОН и сега, би требало тие да бидат прекинати, па да се покрене повторно постапка преку ОН."

Со слично објанснување и аналитичаорт и поранешен дипломат Махи Несими. Нема решение тоа треба да му го соопшти Нимиц на Бан Ки мун па тој да бара нови начини за решевање на спорот објаснува Несими:

,,Навистина ОН немаат причина зошто во овој момент да се вклучат во проблемот, затоа што првенствено би требало Нимиц да се откаже."

Може вели Несими на маригините на генералното собрание на Обедините Нации а не на официјална седница Соеднитете Америкаснки Држави да излзат со предлог до македонската и грчката страна. Но, во контекст на галсините дека тој предлог ке и и биде преставот на Македонија како последен аналитичарот смета дека нема да се дојде до решение кое би било наметнато а за него не се согласни двете страни

,,Америка нормално како најзаинтересирани во овој случај, како во вид на Дејтон, ќе ги викнат министрите и ќе им кажат, ајде овој проблем да го решиме и ќе вршат притисок. Ако не се најде решение, ќе продолжи по старо."

Најчестите гласини се дека предлогот кој сега е во игра е името Северна Македонија во неколку варијанти. Нимиц минатата недела во Скопје ниту потврди ниту демантира дека тоа е планот ставен на маса.
XS
SM
MD
LG