Достапни линкови

Кристофер Хил, американски државен потсекретар за Азија и Пацифик. Македонија ќе има добра иднина, а САД ќе се обидат да и помогнат на тој пат


Господине Хил, по ангажманот на Балканот во моментов сте фокусиран на Источна Азија и Пацификот. Директен преговарач со режимот во Пјонгјанг. До каде е воената денуклеаризација во Северна Кореја?

Влезени сме во еден процес на денуклеризација на Северна Кореја кој се одвива чекор по чекор затоа што Северна Кореја сеуште не сака така лесно да се денуклеаризира. Затоа се обидуваме да го направиме тоа на тој начин што подразбира мали чекори. Ние правиме мали чекори за да им помогнеме тие да направат некои дополнителни чекори. Преземаме некои чекори кои ги нарекуваме -акција за акција-. Значи, постигнуваме некаков напредок, но ни престои уште долг пат. Напередокот се состои во тоа што тие ја затворија нуклеарната постројка која не произведува повеќе плутониум но она што ни претстои да го направиме е да ги натераме да и го предадат на меѓународната заедница плутониумот што веќе го произвеле и тоа да се направи на начин на кој ќе го потврдат тоа за да можеме да знаеме прецизно со колку плутониум располагаат.

Мислите ли дека моделот на успехот во Северна Кореја може да се употреби и во преговорите со Иран?

Не знам, секоја ситуација како оваа е многу различна. Така што мислам дека треба да се биде внимателен и да не се повлекува паралела меѓу Северна Кореја и Иран и мислам дека треба да се почитува разликата меѓу двете ситуации.

Дали околу иранското прашање е потешко да се дојде до заедничка согласност во Советот за Безбедност на ООН? Кои се интересите на Кина и Русија?

Работиме со Кина и со Русија во таканаречените разговори на шестемината. Кина е на масата за овој процес. Она што е важно за овој процес е тоа што во него целта е заедничка – денуклеризација на Северна Кореја, никој не сака северна Кореја да има нуклерано вооружување, така што сите ја имаме истата цел но предизвик е да ги синхронизираме тактиките преку кои ќе ја пос тигнеме целта.

Колкави се шансите нуклеарно оружје да падне во раце на терористички организации?

Мислам дека секој кој е инволвиран во овие разговори секогаш е загрижен дека колку повеќе нуклеарни материи има во светот, толку повеќе има можност некако да стаса во рацете на терористите. Затоа ние сакаме да се осигураме дека можеме да го ограничиме количеството на нуклеарни материи, а особено да го намалиме бројот на држави кои произведуваат оружје надвор од сите меѓународни норми, сакаме да бидеме сигурни дека можеме тоа да го спречиме.

Плакетата почесен граѓанин на Скопје за вашите заслуги за јакнење на меѓународната позиција на Скопје и македонија ви е втора награда за кусо време. Што значат за Вас наградите од Македонија?

Најпрвин, многу сум почестен со оваа награда. Тоа беше навистина многу убава вест за мене кога бев информиран дека градот ме наградува. Поминав многу убаво време овде, навистина уживав додека живеев во Скопје, така што, како што реков ова е голема чест за мене. Тоа не е единствената причина зошто дојдов во Скопје, не е потребна награда за да дојдам во Македонија, јас навистина уживам во престојот овде, имам многу пријатели, и планирам да дојдам и во иднина и тогаш кога нема да добијам било каква награда.

Вие бевте во Македонија во едно многу важно и турбулентно време. Како денеска гледате на состојбата и на иднината на оваа земја?

Од некои аспекти, ситуацијата денеска е подобра во Македонија. Во земјата не се води војна, ниту околу нејзините граници. Да речеме дека има нови предизвици за Македонија, продолжуваат предизвиците но мислам се додека постои консензус за тоа каде треба да оди Македонија , тоа е НАТО и ЕУ, мислам дека Македонија ќе има добра иднина а САД кои и се добар пријател на Македонија ќе се обидат да и помогнат на Македонија на тој пат. Денеска имав можност да ја посетам новата американска амбасада која што мислам дека е многу убава амбасада и се надевам дека луѓето овде во Скопје ќе гледаат на оваа амбадсада како на симбол на амариканската подготвеност на долгорочно добри односи со оваа земја.
XS
SM
MD
LG