Достапни линкови

Загубарите треба што побрзо да се приватизираат, сметаат експертите


Иако поголемиот дел од процестот на приватизација на фирмите е завршен,сеуште има компании кои се под државна сопственост.Една од нив е и охридската фабрика за производство на електроопрема "Емо".
Васко Јовановски кој што е задолжен за односи со јавност во ова фабрика посочува дека поради ригорозните услови кои ги бара ЕМО од идните сопственици,предходните неколку тендери за негова продажба биле неуспешни.

„Околу 36,6 насто припаѓаат на државата. Тие акции веќе се продаваат. Имаше неколку сериозни фирми од Чешка, од Бугарија за купување на акциите, но заради ригорозните услови, задржување на вработените од пет години, преземање на сите обврски и долгови на фирмата не се успеа да се продаде.“

Од Министерството за економија велат дека државата повторно ке ги стави на тендер поголемите претпријатија,но овојпат како што објаснуваат од таму,тендерите ќе бидат поатрактивни.

„Ќе продолжиме со продажбата на пет шетс големи фирми во кој државата има капитал, како ЕМО, ОХИС; Тутунски Комбинат Прилеп, Еурокомпозит, со консултантски куќи ќе ја преоцениме нивната вредност.“

вели Родопи Корнети Јаковлевска,Државен советник за индустриска политика и инвестиции.

Експертите пак велат дека државата треба да биде внимателна при продавањето на фирмите. Професорот Ванчо Узунов посочува дека оние компании кои се загубари треба веднаш да се продатат, додека пак за другите кои се од јавна дејност треба да се внимава на начинот на кој ке се продаваат.

„Оние кои се загубари и имаат проблеми како ЕМО, ОХИС треба што побрзо да се приватизираат и да се најде некоја голема странска компанија да ги купи. Треба да се види внимателно на други места кај претпријатија од јавна дејност, дали веднаш да се оди на приватизација, и ако да да се донесе регулатива, па институции за нејзино спроведување, па потоа да се видат методите на приватизација.“

Имено минатата година, тендерската комисија ја отфрли единствената понуда за ЕМО од бугарската фирма Енергомонт. Причината беше оти Енергомонт имала основачки капитал од само 2,5 илјади евра и била регистрирана неколку месеци пред да учествува на тендерот. Додека пак за скопскиот ОХИС која е и една од најголемите неприватизирани фирми во Македонија,немаше ниту еден заинтересиран за нејзино купување.
XS
SM
MD
LG