Достапни линкови

Според експертите мерката нема да ја намали употребата на алкохол кај малолетниците


Дуќанџиите не ја оправдуваат владината одлука за забрана за продавање на алкохолни пијалаци во период од 19 часот до 6 часот наредниот ден:

„Тоа не игра улога. Тој што сака да пие, ќе си најде некого и ќе прати да му купи и пак ќе пие, треба друго решение.“

За разлика од нив пак, граѓаните ја оправдуваат оваа одлука:

„Тоа е добро решение, затоа што малолетниците многу често консумираат алкохол.“
„Треба така да биде.“
„Младината многу пие алкохол.“
„Да се поскапи алкохолот, да биде 10 евра.“


Спорд упатените, владата со оваа одлука испраќа индиректна порака до малолетните дека им е забрането употреба на алкохол. Социологот Илија Ацевски смета дека ова нема да помогне околу борбата против алкохолизмот, бидејќи како што вели, оној што сака да пие ќе најде начин да се снабди со алкохол:

„Самиот чин на санкционирање е тежок и дури мислам дека може да има обратен ефект, самото снабдување како чин, до 19 часот или после 19 часот многу нема да придонесе во борбата против алкохолизмот кај младите. Нема такви механизми тоа да го контролираат, нема таков капацитет тоа да го направи. Тоа повеќе ќе се однесува на оној кој ќе ги прекршува тие правила,“

посочува Ацевски и додава дека најдобар начин за борба против алкохолизмот е воведување акција по образовните институции кои според него веќе ја имаат изгубено воспитната функција:

„Јас сум на факултет, каде што се точи немилосрдно алкохол во бифето. Ако се донесе законот, за него треба да се расправа, не да се носи под итна постапка, туку тој кога ќе се донесе да стане навистина закон.“

Имено, пред неколку дена Владата предложи измена на законот за трговија со кој ќе се ограничи продажбата на алкохолните пијалаци во продавниците. Од владата оваа одлука ја образложија со фактот дека сакаат да се намали бројот на корисници на алкохол.
XS
SM
MD
LG