Достапни линкови

Бирото за лекови уверува дека нема дефицит


Пациентите се жалат дека во аптеките неможат да ги најдат потребните лекови. Иако сега цените ги намалија, веке неколку дена неможеме да ги купиме потребните лекови, велат некои од нив.

Од бирото за лекови велат дека има доволно лекови. Евентуалниот дефицит се должел на неработните денови во јануари, вели првиот човек на Бирото за лекови Илчо Захариев.

„Јас ги потпишувам дозволите за увоз. Тврдам дека лекови има доволно, и во индустријата и во веледрогериите. Можеби затоа што беа празници, компаниите кои поврзаа не беа подготвени да ги залепат фондовските бандероли.“

Загариев додава дека со дел од веледрогериите се уште се водат преговори откако тие покренале жалбена постапка поради незадоволството од намалувањето на цените кај некои лекови.

„Ние не можевме да си дизволиме цените да одат повисоко од оние во аптеките. “

Од аптеките велат дека е зголемена побарувачката а кога е возможно, ако го нема лекот што пациентот го бара, му се нуди соодветна замена.

„Само одредени производители не доставија бандерола, но ние ги користиме паралелните производи од други фабрики, така што помалку се чувствува недостиг на лекови,“

вели Нуцка Ристовска, претседател на задружението на приватни аптеки

Но фармацевтите додаваат дека воведувањето на единствени цени на лековите ги збуни граѓаните. Повеќето од нив се уште не знаат на кои лекови се однесува изедначувањето на цените.

„Сметаат дека позитивната листа се намалиле. На пациентите треба да им кажеме дека оние лекови кои не одат на рецепт се изедначуваат по цена.“

Од 1 јануари годинава, 2700 лекови добија единствена цена односно тие се продаваат со пониска и иста цена во сите аптеки низ земјата. Од бирото за лекови велат дека нивни екипи веќе почнале да спроведуваат контроли. Во аптеките и веледрогериите во кои ќе бидат забележани неправислности, предвидени се парични казни од 25 000 до 50 000 евра, како и трајно одземање на дозволата за работа.
XS
SM
MD
LG