Достапни линкови

Градоначалниците не прифаќаат партиски лица за командири на полициските станици


Законот за полиција стапи во сила пред девет дена. Од министерството за внатрешни работи велат дека примената се одвива добро иако една од покрупните измени кои што се предвидуваат односно изборот на командирите на полициските станици сеуште е во тек. Министертвото како што објаснува портпаролот Иво Котевски веќе доставило предлози до советите на општините за изборот на командирите на 36 полициски станици од општа надлежност

„Процедурата се одвива согласно законските рокови. Како што беа доставувани документите од кандидатите, беа разгледувани од страна на комисијата формирана во МВР, се направи првична селекција на три кандидати и тие веќе се доставени до советите на општините.“

Министерството доцни со целата процедура за изборот на командирите тврди градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта.

„Тоа е нивна вина што ги немаат терано процедурите на време. Тие требаше пред да дојде во сила законот да имаат предлози.“

Бејта вели дека министертвото ги прекршило одредбите од законот во именувањето на командирите на осумте регионални станици што е во надлежност на централната власт. Според неговите тврдења за командир на станицата во Тетово е именувано лице кое не ги задоволувало критерумите пропишани со законот

„Кога го гази министерката законот, зошто да го почитуваат советниците?“

И додека портпаролот Котевски вели дека сите други одредби на законот веке се применуваат во пракса градоначалниците објаснуваат дека прво ке го чекаат именувањето на командирите. Во Прилеп седницата на советот е закажана за идната недела вели градоначалникот Маријан Ристески.

„Почеток е избор на командири, а понатаму ќе седнеме да се договараме за сите работи кои произлегуваат од законот.“

И Бејта вели дека полицијата во Гостивар сеуште работи по стариот
закон

„Ништо не е сменето до сега. Уште не е закажана седница за избор на командири, се прават припреми и мислам дека ќе биде закажана, а ако имаат ставено партиски лица, тие предлози нема да поминат.“

Законот за полиција беше доенсен во собранието пред една година во вжештена атмосфера. Неговото имплементирање е еден од условите за евро атланските интеграции на земјавa.
XS
SM
MD
LG