Достапни линкови

Се трага по избеганите од косовскиот затвор Дубрава


Од пет часот утринава едниници на министертвото за внатрешни работи спроведуваат акција во Бродец, Вејце и Вешала шарплансики села во кои полицијата ги бара избеганите од косовскиот затвор Дубрава. Првиот дел од акцијата односно неутрализирањето на теренот е завршено, велат од министерството и во тек е потрагата по лица и претресот во селото Бродец каде што се очекува да се криат и инволвираните во минатонеделното убиство на Џавид Морина познат како командант Дреница. Се шпекулира дека групата е предводена од Лирим Јакупи-Нацист. Од МВР велат дека на специјалните единици им бил возвратен оган, но нема ниту еден повреден припадник на полицијата. Од таму најавуваат детали за акцијата по нејзното завршување. Во меѓувреме македонската агенција на албански јазик ИНА јави дека загинале осум луѓе од Бродец. Шарплансиските села во јавноста станаа актуелни пред десетина дена откако пет работници од ЕСМ-ЕВН тврдеа дека во реонот биле киднапирани, па ослободени од страна на вооружени лица. Полицијата досега не го истражи ова нивно тврдење. Тогаш пратеникот од ДПА Ружди Матоши кој потекнува од шарпланинскиот крај за нашето радио тврдеше дека во селата има неколку криминалци познати за државните органи кои сеуште биле недостапни за нив:

„Мислам дека сите граѓани ги знаат тие луѓе кои се, едниот се знае со име и презиме, се знае зошто тој бега од правдата. Има и два тројца други.“

Инаку по низата инциденти во кои во кумановско загина еден командир на станица, а во Танушевци полицаец, Советот за безбедност констатираше дека зад нападите стојат криминални банди и повика на поголемо пристуво на полицијата на теренот. По убиство на Џавид Морина во селото Одри и шпекулациите во медиумите дека во претстрелаката е повреден братот на Агим Красники- Али, некои преставници на државниот врв сметаат дека криминалните структури ги користат политички претсавници. Истите извори неделава укажуваа дека таквата ситуција може да излезе од контрола и да резултира со негативни последици по безбедносната состојба во земјава.
XS
SM
MD
LG