Достапни линкови

Пратениците велат дека ниту една казна нема да ги надомести штетите што и се нанесени на државата


И самите учесници во инцидентите во Парламентот, велат дека не постои ниту една казна која што може да ја надомести штетата што е нанесена врз угледот на Парламентот и воопшто на државата по физичките пресметки кои се случија пред нешто повеќе од еден месец во Собранието. Инцидентите освен влијанието врз меѓуетничките односи, беа повод и за повторно излегување на Демократската Унија за Интеграција од Парламентот, настани што се случија во пресрет на извештајот на Европската Комисија за Македонија. За можноста пратениците учесници во физичките престмеки да бидат казнети со 30% од платата, Абдулади Вејсели претседател на ПДП и еден од инволвираните во настанот вели:

„Со каква и казна да го казниш пратеникот, нема да се постигне целта, дека тој не направил кривично дело, па ќе го едуцираш во затвори. Тие се политичари, со политички имунитет и треба да бидат пример за другите, а не на другите да им даваат насоки како да се однесуваат.“

Рафиз Алити од ДУИ исто така еден од учесниците во инцидентот, вели дека штетата врз Парламентот, кој имено го покажува демократскиот капацитет на државата е веќе нанесена. Според Алити пресудата за однесувањата на пратениците е кај народот:

„Анкетната комисија неможе да се претвора во Дисциплонска комисија во Собранието, така што најголем суд за пратениците е јавноста.“

Истакнува Алити. Имајќи ја во предвид тензичната ситуација при работата на Анкетната Комисија, а и барањата од Брисел во целост да се истражат настаните, претседателот на Комисијата Стојан Андов вели дека во моментот најбитно за државата е случајот да биде во целост истражен:

„Видете оваква комисија ние не сме имале до сега. Да успее работата на Комисијата, тоа нека ни биде цел, па после сите други работи се можни.“

изјавува Андов. За последиците што врз Македонија ги остави настанот околу физичките пресметки во Собранието, политикологот Ненад Марковиќ забележува:

„Оставаме повторно простор во разни извештаи на релевантни меѓународни фактори се појави овој настан само како еден сублимет на една демократска и политичка незрелост на Република Македонија. Што е најтрагично тоа неможе да биде демантирано.“

вели Марковиќ.
XS
SM
MD
LG