Достапни линкови

Департед го доби Оскарот за најдобар филм


Оскарот за најдобар филм го доби Департет, а истовремено со оскар конечно се закити и режисерот на овој филм Мартин Скорсезе. На манифестација во Лос Анџелес која траеше до раните утрински часови за надобри актери се прогласени Форест Витакер и Хелен Мирер. Најдобар старнски филм е германското остварување ,, Животот на другите,,

Режисерот Мартин Скорцезе и неговиот Департет станаа оскаровци. Департет е најдобар филм според изборот на Холивуд. Скорсезе конечно по неколку номинации се закити со оваа престижна холивудска награда.

„Јас сум пре задоволен со оваа награда на Академијата и чест ми е што таа е презентирана од моите стари пријатели Спилберг, Копола и Лукас.“

За најдобар глумец е прогласен Форест Витакер кој го доби оскарот за улогата на диктаторот на Уганда Иди Амин во ,,Последниот крал на Шкотска,,. Тој е уште еден од црните актери кој како што рече го остварил својот сон.

„Примајки ја оваа награда вечерва ми кажува дека е можно за дете од источен Тексас пораснат на југот на Лос Ангелес и Карсон Калифорнија, кој е посветен на своите сонови, дека е моќно да му се остварат.“

Оскар за најдобра женска улога доби Хелен Мирен за улогата на Кралицата Елизабета во филмот Кралица.

„Ова е голема чест. Еднаш сестрами рече дека сите деца сакаат златни звезди, а ова е најголемата звезда која сум ја добила во мојот живот. Сакам да ја поделам со сите номинирани брилијатни глумици за нивните перформанси во оваа година.“

Оценка е дека доминираа политички мотивирани филмови. Така
оскарот за најдобар странски филм го доби германското остварување ,, Животот на другите,, трилер за животот на агент на тајната служба Штази во 80 тите години на минатиот век во источен Берлин. За најдобар документарен филм во гламурозната холивудска филмска манифестација е прогласен ,,Неприкладна вистина,, кој ја следи кампањата на поранешниот американски потпретседел Ал Гор а чија цел е зголемување на свеста за глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG