Достапни линкови

55,4 насто за независност на Црна Гора


На вчерашниот референдум во Црна Гора, според првичните официјални резултатите што претпладнето беа соопштени во Подгорица, пеесет и пет запирка четири насто од излезените над осумдесет и шест проценти од гласачите се изјасниле за независна Црна Гора. Четириесет и четири запирка шест насто се изјасниле за продолжување на сојузот со Србија. Се очекува и оценката на меѓународната заедница за текот и резултатите од вчерашното изјаснување.

Републичката референдумска комисија соопшти дека останува уште да се одработат податоците од четириест и пет избирачки места, односно уште дваесет и пет илјади гласови.

„Би сакал да кажам дека досега ние немаме добиено никакви приговори во врска со референдумот што е многу важно.“

Изјави Франтишек Липка човекот што Европската Унија го постави да раководи со референдумската комисија во Црна Гора. Пронезависниот премиер Мило Ѓукановиќ уште синоќа, само неколку часа по затворањето на гласачките места, на црногорците им ја честиташе независноста. ,,Дами и господа, дозволете ми да ви соопштам, дека според волјата на граѓаните, Црна Гора ја обнови својата независност. Ова е најважниот ден во историјата на Црна Гора,,
изјави Ѓукановиќ, кој им се заблагодари и на оние што не гласале за независност, а кои сепак, со нивното учество на референдумот помогнале се да биде реализирано според највисоките демократски стандарди. Тој и се заблагодари и на Европската Унија која иако, како што рече, поставила остар дополнителен услов за валидноста, придонесла референдумот да се одвива мирно, а неговиот резултат да стекне легитимитет во европските институции. ,,Имаме држава и сигурен сум дека никогаш нема да дозволиме да ја загубиме,, порача Ѓукановиќ, изразувајќи надеж дека и независна Србија бргу ќе ги надмине пречките на нејзиниот пат кон Европската Унија.

„Би сакал на сите да ви се заблагодарам на трпението и да го сочекате конечното пребројување на гласовите, бидејќи како сериозни луѓе не би сакале да избрзуваме со какви било проценки.“

Изјави синоќа Ѓукановиќ пред насобраните приврзаници во Подгорица.

Во исто време, лидерот на блокот партии кои се за зачувување на унијата со Србија Предраг Булатовиќ беше на став дека резултатите се уште не биле конечни

„Резултатите досега се пеесет и пет запирка три проценти, со можност за грешка од нула запирка четири насто. Значи секој глас се брои и е многу важен. Она што е најважно е резултатите од референдумот да бидат верифицирани од сите учесници.“

Европската Унија предупреди дека нема сива зона во резултатот или доколку за независна држава се под пеесет и пет проценти, тогаш тоа значи дека референдумот не успеал. Повторен со таква цел ќе биде можен по три години.
XS
SM
MD
LG