Достапни линкови

ССМ се откажа од идејата, но смета дека Синдикатот на тој начин би бил повлијателен


Може ли Синдикатот да биде поефикасен во заштита на работничките права, доколку биде директно инволвиран со свои пратеници во Парламентот, или неговото влијание е поголемо однадвор, преку социјалното организирање на членството во издејствувањето на правата на работниците. Имено Сојузот на Синдикати на Македонија веќе ја лансираше идејата на претстојните избори да учествува со свои кандидати за пратеници во Собранието. Во ССМ сметаат дека на овој начин ќе имаат поголемо влијание во донесувањето на законите кои ќе гарантираат заштита на работниците:

„Сметаме дека во овој момент со оглед на тоа какви се односите во Македонија, дека оваа варијанта е најоптимална за синдикатот од причини што доколку има свои претставници во Паралментот, ќе може најнепосредно да влијае на донесувањето на законите, пред се на оние од социјално економската свера.“

Изјавува Пеце Груевски портпарол на ССМ. Наспроти Сојузот на Синдикати, во спротивната синдикална организација, Конфедерацијата на слободни синдикати, со спротивен став. Светлана Петровиќ претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати, потенцира дека преку парламентарното учество имајќи го предвид големото партиско влијание во земјава, синдинкатот сигурно би се приклучил кон некоја политичка партија, со што значително ќе биде ослабнато неговото делување:

„Предимензиониран е партискиот модел, така да се сведува на членство на некоја партија,. Инаку и пред четири години ССМ правеше некои обиди за да влезат во Парламент, меѓутоа пак ќе биде тоа некоја манипулација за одредена партија, за да се приклонат некаде и кон нечиј став.“

Потенцира Петровиќ. Во можноста Синдикатот да биде поефикасен доколку е во Парламентот, не веруваат ниту работниците од Здружението на стечајци кои веќе секој ден протестираат пред Собранието барајќи донесување на закон со кој ќе им се овозможи социјална сигурност:

„Јас мислам дека Синдикатот нетреба да прави партии, туку да застане зад работниците кои останаа на милост и немилост. Мислам дека ништо не би се добило затоа што доколку има еден пратеник тој би коалицирал со власта.“

Вели Перо Ристевски од Здружението на стечајни работници.
XS
SM
MD
LG