Достапни линкови

Дали со воспоставувањето на новиот судски совет ќе остане влијанието на политиката?


Со отварање на расправата за воспоставување на новиот судски совет, повторното старата дилема дали политиката пак ке имаа влијание врз судството и покрај тоа што се предлага советот да биде надлежен за изборот на судиите, а не како што беше досега случај изборот да го врши Собранието:

„Идниот орган, кој што пак на својот грб ќе го понесе огромниот товар, а тоа е изборот и разрешувањето на судиите, ќе бара соодветни правилни кадровски решенија во самиот орган и мислам дека процедурата што се предвидува во Законот за Судскиот совет на Р Македонија, барем во оваа почетна фаза укажува на напредок, прво во изборот на членовите на Судскиот совет од кој што пак најповеќе ќе зависи дали правилно ќе профункционира овој орган при изборот на судиите.“

Изјави Ленче Софрониевска претседател на Републичкиот судски совет. Експертите посочуваат дека секогаш има простор политиката да влијае, но дали тоа ќе биде така ќе зависи со судиите:

„Треба да се сфати дека осамостојувањето на судската власт е процес, тоа не е еднократен чин кој што можете да го донесете само преку законскиот процес, туку дека треба самите судии да го отпочнат процесот на самоослободување и пред себе да го имаат единствено Уставот и Законот. Самите судии сопствената независност и сопствена слобода ќе мораат самите да ја изборат.“

Изјави Саво Климовски професор на Правниот факултет во Скопје, кој додава:

„Во спротивно повторно ќе ја имаме онаа ситуација да имаме само една форма, а позади нив и понатаму да си функционра стариот систем.“

Законот за судовите и за Судскиот совет треба да бидат усвоени до крајот на јуни, но ќе се формира ли овој орган непосредно по донесување на законот:

„Објективно временски гледано, со оглед на тоа што ни претстојат и изборите најверојатно формирањето на овој орган за чие формирање е определен овој состав на Републичкиот судски совет, очекувано е некаде наесен да профунционира новиот Судски совет.“

вели Софрониевска.
XS
SM
MD
LG