Достапни линкови

Охрабрување за зајакнување на реформите и забрзување на патот кон ЕУ


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и комесарот за проширување на Унијата Оли Рен во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан денеска во посета на Скопје. Од мисијата на Европската унија во земјава велат целта на посетата е да ги охрабрат лидерите од земјите од регионот, да ги зајакнат реформските зафати со цел да го забрзааат прогресот на патот кон европската интегрцаија. За идеите во врска со земјите од регионот амбасадорот на Европската унија во земјава Ерван Фуере изјави:

„Комисијата беше многу јасна во својата комуникација кога постави неколку предлози за да ја нагласи определбата на Европската унија за Балканот, прашања како - разговори за олеснување на визниот режим, јакнење на јавната администрација, создавање на слободна економска зона за што настана и некое недоразбирање и мислење дека ова можеби значи еден вид на одолговлекување на процесот на европската интеграција, сосема е спротивна идејата на Унијата, а таа е да продолжи со поддршка и да ја зајакне соработката и трговската размена мегу земјите. Идејата е само да се охрабрат напорите на земјите во приближувањето кон Европската унија“

За време на посетата на европретставниците предвидено е и потпишување на КАРДС програмата за оваа година. Од наредната пак македонија ке ги користи средствата од инструментот за претпристапна помош ИПА и тоа за регионален, рурален развој, развој на човечки ресурси, зајакнување на капацитетот на институциите, како и за прекугранична соработка. Пред официјалното започнување на оваа програма, Владата работи на воведување на децентрализираниот систем за управување со помошта од Унијата.

За тоа колку средства ке се искористат зависи од капацитетот на институциите, а Македонија очекува тоа да бидат 30 до 35 евра по глава на жител, колку што беше и за останатите земји во оваа фаза, кои сега се веке членки на Унијата. Значи земјава би добивала годишно 60 до 70 милиони.
XS
SM
MD
LG