Достапни линкови

Гласаат болните, затворениците и припадниците на безбедносните сили


Пациентите во болниците, затворениците, припадниците на безбедносните сили и ирачаните што живеат во странство, денеска гласаат во рамките на парламентарните избори. Инаку, изборите во Ирак за 275 – члениот парламент, ќе се одржат во четврток. Ирачкото министерство за одбрана ги засили мерките за безбедност и ги затвори границите и аеродромите во земјата, со цел да се спречат можни инциденти.

Предизборната кампања на кандитатите за ирачкиот парламент, кој за прв пат од соборувањето на режимот на Садам Хусеин ќе има целосен мандат, е при крај. Ирачката влада преку телевизиски спотови ги повикува ирачаните да излезат на гласањето во чертврток со слоганот – твојот глас е драгоцен.

И улиците на ирачките градови се излепени со плакати на политички партии, додека пак, политичките собири и митинзи се во помал обем поради безбедносната ситуација.

Адил Ал Лами, шеф на независната изборна комисија во Ирак вели:

„Комисијата воведе мерки за превенција на користењето верски други симболи кои би поттикнале етнички поделби или насилства.“

Од утре стапуваат во сила и зајакнатите мерки за безбедност во земјата, меѓу кои затворање на сите граници и аеродроми, забрана за движење од една провинција во друга, како и полициски час. Овие посебни мерки ќе важат до сабота. Ал Лами вели дека досега немало некои значајни поплаки на изборниот процес.

„Добивме забелешки од некои политички ентитети, но само неколку. Доколку има некои нарушувања на изборниот процес, постојат официјални канали и тие ќе бидат разгледани од изборната комисија, која, доколку е потребно, ќе превземе соодветни мерки.“

Аналитичарите оценуваат дека овие избори се битни од неколку причини. Новиот парламент ќе има цел мандат и веројатно ќе ја добие вистинската законодавна моќ, а тоа веројатно ќе доведе и до редукција на американското воено присуство во Ирак.
XS
SM
MD
LG