Народните избраници, министрите и наименуваните функционери во иднина ќе добиваат речиси двојно поголеми плати. Со едногласно мнозинство од седумдесет гласови за, пратениците од власта и опозицијата, ги усвоија промените во законот за плати и надоместоци, со кои пратеничките примања ќе се зголемат за најмалку 10 000 денари.
И додека ваквата одлука им оди во прилог на сите пратеници, граѓаните разочарани и лути велат:
,,Нема никаков резон, сите граѓани се на социјата, а тие да си ги зголемат платите.”
,,Има луѓе коишто не можат ни по 100 денари на ден да потрошат, а тие ги зголемуваат платите за 50 насто. Што направиле за овој народ? За што?”
,,Тие и понатаму ќе бидат поткупливи, ама се добро платени да го држат народот во покорност.”
,,Народните пратеници станаа народни платеници.”
,,Тоа е најголем безобразлук, треба на докторите, судиите да се покачат платите, а не на нив, легачи!”
Тие додаваат дека не се задоволни од работата на пратениците кои тие ги избрале, и оти народните избраници и онака земале доволно високи плати:
,,Нема потреба. Не гледам причина.”
,,Како може да се грижи државата за стотина пратеници, а да отпушта работници од јавната администрација зашто не може да ги издржи? Згора, имаат и други бенефиции.”
Од сојузот на синдикати во Македонија велат дека не можат да реагираат на ваквата одлука на собранието, зошто пратениците не се нивни членови.
,,Ние како синдикат не можеме да реагираме на некое зголемување. Ние се бориме за зголемени плати на сите наши членови, ние сме синдикат на нашите членови, пратениците не се наши членови,”
изјави Пеце Груевски, генерален секретар на синдикатот.
Според пратениците реалното покачување на нивните плати ќе биде сепак помало, зошто како Што најави претседателот на собранието Љупчо Јордановски, тој ќе поднесе предлог до комисијата за избори и именување со барање да се укине пратеничкиот паушал од 10 000 денари.
Тоа значи дека платата на еден народен пратеник ќе достигне висина од 50 000 денари, во која пак не се вклучени дневниците од собраниските и комисиските седници.