Достапни линкови

Уште една партиска декларација за фер и демократски избори


СДСМ во текот на денот ќе се произнесе по барањето на ВМРО-ДПМНЕ за потпишување декларација за фер и демократски избори. Во причините за потпишување Декларација со СДСМ во ВМРО ДПМНЕ ги наведуваат флагрантните прекршувања на избирачкото право на граѓаните во претходните изборни циклуси:

„Поучени од искуството порано, од претседателските избори, од референдумот, како беше злоупотребувано правото на глас на граѓаните, сакавме да упатиме апел до СДСМ и до коалицијата „За Македонија“ да се обврзат за фер и демократски избори,“

изјави Силвана Бонева, шеф на Изборниот штаб на ВМР- ДПМНЕ, која вели СДСМ е носечката партија на власта и токму затоа се решивме ова барање да го упатиме до нив, а не и на останатите политички партии.

„Декларацијата е доставена до СДСМ бидејќи клучот е во СДСМ, тие ја водат коалицијата и знаеме дека министерот за внатрешни работи е од СДСМ и во најголем дел преку МВР се притисоците врз граѓаните.“

Инаку, претходно лидерите на двете најголеми политички партии на Албанците во Македонија ДУИ и ДПА потпишаа слична Декларација за фер и демократски избори. Нашите мотиви беа на истата иницијатива да и се приклучат и останатите политички партии велат во ДУИ

„Ќе беше добро сите други партии, без оглед дали се од албанскиот или македонскиот блок, да се потпише документ со кој ќе се испрати порака до активистите и електоратор дека е крајно време во Македонија да има фер и демократски избори,“

изјави пратеникот и потпреседател на ДУИ Рафиз Халити. Во претходните изборни циклуси во земјава сите политички партии по иницијатива на меѓународната невладина организација национален Демократски Институт потпишуваа декларација за фер и Демократски избори.
XS
SM
MD
LG