Достапни линкови

Трансформација на ЕСМ


До крајот на годинава, електро енергетскиот систем во Македонија ќе се трансформира. Предвидено е единствено производството на електрична енергија да остане под капа на државата, сите други делови од овој систем, ќе се продаваат:

„Веќе е донесена одлука за поделба на постојното АД Електростопанство, во два нови субјекти и тоа, АД ЕСМ, кое ќе се занимава со производстовото, дистрибуцијата на ел енергија и акционерското друштво кое ќе ја извршува дејноста на преносот на енергијата и управување со електро енергетскиот систем,“

вели портпаролот на ЕСМ Сашо Новевски.

На продажба ќе одат и нсуштинските делови на ЕСМ, односно оние капацитети кои не учествуваат во процесот на производство на електрична енергија:

„Тука се разните хотели кои ги има ЕСМ и другите заокружени производствени целини. Такви има повеќе, а во моментов функционираат како ДОО, и тие наскоро ќе бидат подготвени и ќе и се предадат на владата, а најверојатно на крајот ќе се продадат.“

Додека ЕСМ се подготвува за процесот на трансформација, Европската банка за обнова и развој не чека. Таа одлучи во македонскиот електро енергетски систем да онвестира 45 милиони евра. Планот е, откако јавното претпријатие ќе се продаде на странски инвеститор, овие средства да се претворат во акции во сопственост на Европската банка. Според планот, Европската банка средствата нема да ги вложи наеднаш, туку во седум еднакви трашни во следните две години. Во случај ЕСМ да се откаже од процесот на приватизација овие 45 милиони евра ЕСМ, односно државата ќе мора да ги враќа како кредит. Во меѓувреме од ЕСМ работат на зголемување на наплатата на електрична енергија:

„Вкупната наплата говори за 78 насто наплата, оди кон подобро и компанијата се приближува кон 90 насто наплата, зацртани за крајот на годината“

Повиоскиот процент на наплата значи и подобра стартна позиција при приватизацијата на ЕСМ. Проценките се дека продажбата на електро енергетскиот систем ќе тежи околу една милијарда евра.
XS
SM
MD
LG