Без субвенции, регреси и дотации, земјоделските производи ќе скапуваат по нивите, а европакиот пазар за македонскиот производ ќе биде се подалеку. Со нестимулирање на земјоделското производство од една страна, и отвореноста на македонскиот пазар однадвор од друга, Македонија во Европа ќе влезе без земјоделци, констатираат од здружението на земјоделци на Македонија:
„Нашето производство е тотално избркано од буџетската помош што требаше да се издвои - и за неговиот развој, и за намалување на неговите трошоци“
вели Вељо Тантаров, претседател на здружението на земјоделци на Македонија.
И за Европа е енигма, како државата може да не интервенира во сопственото земјоделско производство. Како за пример, од вкупниот буџет на унијата што изнесува 90 милијарди евра, 40 се издвојуваат за стимулирање на земјоделското производство, е ставот на екс министерот за земјоделие Марјан Ѓорчев:
„За илустрација, Агенцијата за резерви при Европската Унија во годината 2001 интервенираше со 1,2 милијарди евра директни откупи, а пак од 2002 година Европската Унија пропишува рефундација за разни видови сирења 17 денари по килограм на секој килограм извезено сирење во земјите вон Европската Унија во коишто спаѓа и Република Македонија“
Без субвенционирање од страна на државата, македонскиот производ е неконкурентен на европскиот пазар. Негативните последици се, цената драстично паѓа, а производот станува лесен плен за прекупците во државата. Со непласирањето на македонскиот земјоделски производи на пазарите низ Европа се понедостапни стануваат и полните европски фондови:
„И она право што ни го даде Европската Унија и Светската трговска организација, тоа се 33 милиони евра, не ќе можеме да го користиме ниту пак да конкурираме за средства од структурните и композициони фондови од Европската Унија коишто во 2001 година изнесуваа 40 милијарди евра“
вели Ѓорчев.
Треба да се стремиме за извоз, но не по секоја цена тој да се реализира во земјите на ЕУ, препорачуваат од здружението на македонските фармери:
„Бидејќи се уште не сме дораснати со производот, со квалитетот на европските стандарди, туку да го туркаме таму каде што некои земји страдаат за нашите производи. А ние оставаме по цели плантажи необрани“