Достапни линкови

Документот потпишан под името Македонија


Под формулација влада на Македонија и влада на Соединетите Американски Држави нашата држава го потпиша документот со кој се предвидува изземање на американските граѓани од надлежностите на меѓународниот кривичен суд по што договорот што го бараше САД од наша страна останува да биде и конечно потврден ако тој помине низ собранискиот филтер.

Станува збор за прв првен документ што Македонија го потпишува со САД однсосно прв документ што со името Македонија ќе биде нострифициран во американскиот конгрес, а тоа се цени оти е највисок приоритет за Македонија се аргументите со кои министерството за надворешни работи го објаснување значењето од потпишувањето на овој документ за нашата држава. На забелешката оти во формулацијата под која тој е потпишан не стои уствното име на нашата држава во МНР посочуваат оти цитирам постојат скратени формулации за името на една држава и таква е применето во овој случај.

Во министерството за надворешни работи потписник на документот втор приоритет во поглед на усвојувањето на овој документ е безбедноста на држвата и членството во НАТО со оглед на тоа што Македонија како што велат оттаму има голема стртешка подршка во САД.

Во тој правец се видувањата и на најголемите парламентарни партии кои највуваат оти документот ќе биде усвоен и во собранието.

„Исклучително значаен чин, со оглед на долготрајното и стратешко партнерство со оваа држава“
„Тргнувајќи секогаш од фактот дека партнерството со САД е висок приоритет на Република Македонија, сметаме дека одлуката беше очекувана и требаше да се донесе“
„Верувам дека овој предлог ќе биде поддржан во Собранието, затоа што две клучни институции – претседателот на државата и владата – го поддржуваат“.


изјавија Игор Ивановски од СДСМ и Ѓорѓи Трендфилов од ВМРО ДПМНЕ како Ермира Мехмети од ДУИ.

Инаку билатерален договор со САД за неекстрадиција на американските граѓани досега потпишаа 43 држави од кои во регионот тоа го сторија Босна и Херцеговина и Албанија.
XS
SM
MD
LG