Веќе три години Македонија се подготвува за реформи на матурските испити со која од 2005-тата ќе треба сите матуранти без разлика на успехот да полагаат матура и со дипломата без полагање приемен испит да конкурираат за упис на факултетите низ државава. Главната цел на реформираниот матурски концепт е сегашната интерна матура да се замени со екстерна, која преку унифицирани тестови би ја спроведувале лица надвор од матичните училишта, а оценувањето би одело преку единствен центар, државна матурска комисија.
„Првата функција на матурскиот испит би била сертификатна, со која би се обезбедил повисок квалитет во средните училишта низ Македонија, а другата функција би бил селективна, што значи дека би се надминала досегашната практика по два испити на крајот од средното образование,“
вели Бојана Нацева од бирото за развој на образованието, кое со министерството за образование се носители на реформите во што учествуваат универзитетите кои даваат извесен отпор во тоа, а како партнер треба да биде вклучена и средношколската унија. Според Нацева реформираната порелевантна и пообјективна матура треба на завршените средношколци да им обезбеди влез во високот образование во и надвор од Македонија и да ги оспособи за работните обврски што ги очекуваат.
За реализација на овие реформи одлуката ја донесе поранешната, а ја поддржа и актуелната влада на Република Македонија. Се расправаше на првата ваква конференција во Охрид каде поклрај чинителите на образовниот систем во земјава учестуваа и експерти на европските држави каде функционира моделот на екстерна матура.
„Една од целите за воведување на матурските испити во Македонија е тие да бидат инкорпорирани во европскиот концепт. Најважно за нивно успешно спроведување е да се има јасна визија, политички став и подготвеност на целата држава за придобивките што со тоа ќе ги имаат учениците и општеството, затоа најмногу треба да се делува на учениците и родителите, а преку нив и на целата јавност,“,
вели Џорџ Бетел од Велика Бротанија.