Достапни линкови

Амнестија за сите неамнестирани припадници на ОНА


За обвинувањата од роднините на киднапираните Албанци дека министерот за внатершни работи, понудил размена на истите со 12 исчезнати Македонци Бошковски со одговор

„Таква изјава е дадена не за размена, туку за подготвеноста на македонската влада за притисоците што може да ги направи како извшрна власт до независното македонско судство, до обвинителството и до претседателот на државата да се отпуштат сите оние кои не се амнестирани, да се амнестираат само за да се дознае судбината за 12-темина киднапирани Македонци.“

Вчерашната средба на амбасадорот на ОБСЕ со лидерот на Демократската унија за интеграција на Албанците е редовна средба на која се разговарало пред се за претстојните парламентарни избори.

„Исто така меѓу другото беше разговарано и за исчезнатите лица, односно за тоа каков прогрес може да се направи и како што разбрав од амбасадорот, Џенес, Ахмети дал комплетна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на државава,“

изјави портпаролот на ОБСЕ, Флорин Паснику без притоа да посочи било какви детали за обидот на амбасадорот да договори средба на роднините на киднапираните со Ахмети и дали тој воопшто би прифатил средба со нив.

И покрај обидите на амбасадорот на ОБСЕ, Крег Џенес од кого побаравме да ни договори средба со Али Ахмети не веруваме дека тоа ќе се случи, велат роднините на киднапираните. Според нив:

„Ахмети и таканаречените команданти околу него ја знаат ситуацијата, меѓутоа лично не верувам дека тој ќе не прими и дека ќе сака да разговара со нас.“
XS
SM
MD
LG