Достапни линкови

СДСМ и ДУИ со неколку фаворити за консензуален кандидат


Владините партнери ќе бараат консезуален претседателски кандидат
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00

Владините партнери ќе бараат консезуален претседателски кандидат

Претседателите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети ги почнаа преговорите за консензуален претседател.Тие денеска не сакаа да откријат кои се кандидатите за претседател прифатливи за двете партии. Анлаитичарите очекуваат биполарни претседателски избори.

Претседателите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, го почнаа процесот на барање на заеднички консензуален кандидат за претседател на државата што според најавите треба да заврши до крајот на неделата. По првата средбата во Клубот на пратениците премиерот Зоран Заев рече дека засега нема договор за заеднички кандидат, но оти има шанси да се постигне и најави дебата внатре во партиите. Заев рече дека се договориле со ДУИ меѓусебно да ги споделат анкетите и анализите што ги прават во партиите, но не сакаше да коментира за конкретни имиња.

Станува збор за вредна шанса, што можеби ќе успее, а можеби не, рече Заев.

Имињата на кандидатите ќе бидат втора фаза од разговорите. Заев допoлни дека има кандидати од високото раководство на СДСМ, како и надпартиски кандидати, и дека во анкетите од десеттината имиња кои се спомнуваат во јавноста, пет се фаворити.

На прашање дали размислува да се кандидира за консензуален претседател, тој повтори дека засега останува во извршната власт.

„Значи за вас се уште има шанси да здружам и да сплотам? Знаете дека сум јас пред се економист, ќе се посветам на економијата и на реформите коишто претстојат, така што засега останувам во извршната власт”, рече Заев.

И лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека не се разговарало за конкретни имиња кои би можеле да бидат консензуален кандидат за претсеадтел на државата.

“Одлучивме за прашањата за кои денеска дискутиравме да ги ставиме на дебата во органите на партијата. Партиите ќе бидат тие кои ќе ја донесат конечната одлука”, вели Ахмети.

Прашан дали ќе го подржи Заев како кандидат Ахмети рече дека не мисли оти е добро лидер на партија да стане претседател на државата.

И Заев и Ахмети изразија уверување дека постои можност да се најде консензуален кандидат за претседател со оглед дека на земјава и претстои важен период на нејзиниот евроатлански и европски пат.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Северна Македонија воопшто не е профил за консензуален претседател, рече денеска премиерот Зоран Заев.

„Веднаш ќе кажам не е прифатлива. Таа е надвор од секој можен концепт. Не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓани. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја за која секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“, изјави Зев по денешната средба со Али Ахмети.

Инаку уште пред средбата на Заев и Ахмети аналитичарите излегуваат со проценка дека граѓаните ќе бираат претседател меѓу двајца кандидати на претстојните претседателски избори. До нивниот коментар доаѓа откако ВМРО ДПМНЕ ја избра професорката Гордана Силјановска.

Насер Зибери вели дека има индикации дека партиите од парламентарното мнозинство ќе се договорат да подржат заеднички канадидат. Тој вели дека формално може да има преговори меѓу СДСМ и ДУИ, но оти кандидатот за претседател ќе го предложи СДСМ како најголема партија. Тој очекува ,во меѓувреме, да се прошири и листата на кандидати за претседател.

"Мислам дека уште во првиот круг ќе се собере сериозен корпус кој ќе застане зад тој кандидат. Мислам дека другите партии ќе го подржат кандидатот на СДСМ. Формалано може да има преговори, но кандидатот ќе биде од СДСМ а листата ќе биде поширока од оние што беа правени" изјави Зибери.

Конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати за претседател на државата завршува утре, а кој ќе ја претставува владејчката партија во претседателската трка ќе се знае на конгресот закажан за 3 март. Единствен кој досега има поднесено кандидатура за претседател од СДСМ е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Во јавноста пак, се шпекулираше со повеќе имиња на можни кандидати од СДСМ. Вицепремиерите Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски се најчесто споменуваните имиња за можни кандидати.

ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес, што се одржа во саботата во Струга ја избра професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска Давкова за нивен претседателски кандидат.

Во врска со темите кои би биле опфатени во претседателската кампања аналитичарот Митко Гаџовски вели дека во фокусот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ ќе биде ревидирaњето на Преспанскиот договор.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG