Достапни линкови

„Кодошење, патриотска обврска?“, руска тинејџерка се соочува со долг затвор


Кога полицијата го претресла домот на Олесија Кривцова, руска студентка пацифист, еден од нив ѝ кажал дека претресот бил „поздрав од Вагнер“.
Кога полицијата го претресла домот на Олесија Кривцова, руска студентка пацифист, еден од нив ѝ кажал дека претресот бил „поздрав од Вагнер“.

Студентка на универзитет во Архангелск е наведена како „екстремист“ и би можела да се соочи со повеќе од една деценија затвор откако колеги студенти ги пријавија нејзините антивоени објави на социјалните мрежи.

Руската влада не чекаше да започне судењето на Олесија Кривцова, 19-годишна студентка во северниот град Архангелск, пред да ја додаде на својата листа на „терористи и екстремисти“ на 10 јануари.

Назначувањето дојде откако Кривцова го минува својот втор месец во домашен притвор, соочена со можност за повеќе од 10 години затвор под обвинение за „оправдување тероризам“ и „дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација“.

„Најлошите можности ми се вртат во главата“, изјави Кривцова од нејзиниот дом, додавајќи: „Совршено разбирам дека би можело да бидам затворена. Се обидувам да се помирам со таа можност“.

Случајот со Кривцова започна на 26 декември, кога полицијата се појави да го претресе станот што таа го дели со нејзиниот сопруг. Нејзината мајка Наталија Кривцова за РСЕ изјави: „Додека се вршеше претресот, полицаец застана над Олесија, заплашувајќи ја со чекан“.

Подоцна, офицер на анти-екстремистичкиот центар на Министерството за внатрешни работи, одделно ѝ кажал на неа и на нејзиниот сопруг дека посетата била „поздрав од платеничката група Вагнер“.

Деветнаесетгодишната Олесија Кривцова во судницата во Архангелск
Деветнаесетгодишната Олесија Кривцова во судницата во Архангелск

Само неколку недели претходно, групата Вагнер поврзана со Кремљ објави брутално видео во кое осудениот убиец Евгениј Нужин, кој бил регрутиран од затвор да се бори во Украина, бил означен како предавник и убиен со чекан. Тоа видео беше насловено Чеканот на одмаздата.

Стравови и грижи откако Русија ги ослободува насилните криминалци
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Од руската неиспровоцирана инвазија врз Украина во февруари 2022 година, илјадници антивоени неистомисленици се соочија со кривично гонење и прогон по набрзина донесените закони кои го криминализираат намерното ширење на она што државата тврди дека се лажни информации за војната или „дискредитирање“ на вооружените сили.

Самата Кривцова беше казнета со 30.000 рубли (425 долари) во април за објавување антивоени налепници во јавноста.

„Уништување на животот на една личност“

За време на првичните судски рочишта по апсењето на Кривцова, стана очигледно дека случајот против неа се заснова врз осуди од колеги студенти кои учествувале во затворениот универзитетски разговор на Телеграм што РСЕ можеше да го види.

„На сослушувањето тие спомнаа две имиња на луѓе за кои знаев дека се во тој разговор. Тие разговараа за тоа како најдобро да се поднесе пријава - до полицијата или [Федералната служба за безбедност]“, изјави таа за Current Time, мрежа на руски јазик што ја води РСЕ во соработка со Гласот на Америка.

Претседателот на руската Дума ја поддржа забраната за јавна критика на Вагнер

„Ги знаев и порано“, додаде таа. „Со еден имав прилично добри односи. Повремено и лично разговаравме. Другиот сведок еднаш ми помогна да носам тешка торба. Најчудното нешто е што еден од нив ми испрати копија од разговорот“.

Таа додаде дека на нејзините адвокати не им биле дадени копии од какви било пријави што можеби биле поднесени.

Случајот против Кривцова очигледно беше заснован врз пријава од колеги студенти кои учествуваа во затворен универзитетски разговор на Телеграм.
Случајот против Кривцова очигледно беше заснован врз пријава од колеги студенти кои учествуваа во затворен универзитетски разговор на Телеграм.

Во октомври, учесниците во разговорот дискутираа за руската инвазија врз Украина, кога еден од нив објави слики од екранот од приказните на Кривцова на Инстаграм во кои таа повторно ги објави препораките на украинските власти за тоа како руските војници да се предадат и фотографии од убиените украински цивили.

„Ова е нелегално“, напиша еден од учесниците. „Можеби треба да се отвори случај? Неколку моменти подоцна, истиот учесник напиша: „Му пишав на командантот. Тој има пријатели во [безбедносните] органи и ќе се консултира со нив“.

Некој потоа објави скриншот од објавата на универзитетскиот предавач Алексеј Фелд, кој напиша дека „Со кодошење на некој не се прави патриот“, а учесниците почнаа да споделуваат мислења за тоа.

„Кодошењето на некого се прави од лични причини“. „Ова што го имаме овде е незаконски чин. Мислам дека сме должни да зборуваме, особено затоа што знаеме што им прават на нашите момчиња кои се предаваат“, додаде друг, очигледно мислејќи на неоснованите тврдења на руската пропаганда дека руските затвореници рутински се малтретирани во украински притвор. „Кодошењето е обврска на патриот“, напиша трет. „И уште подобро – изложување во медиумите“.

Кривцова рече дека верува оти студентите биле мотивирани од „идеолошки“ убедувања. „Мислам дека сите тие веруваат оти нивните постапки биле соодветни и праведни и дека треба да бидам казнета во согласност со законот“, рече таа.

„Верувам дека тие се водени само од такви идеи“. „Луѓето со милитаристичка идеологија лесно можат да бараат неистомисленици, бидејќи мислат дека несогласувањето може да доведе до пораз на армијата или пораз на претседателот или на земјата“, рече таа, додавајќи:

„Значи, тие мислат дека осудуваат „за доброто“. Барем, во нивните сопствени умови. Но, дури и ако сте идеолошки, дури и ако сте подготвени да ја браните својата земја со такви средства, веројатно можете да најдете друг начин. Уништувањето на животот на една личност поради нејзините ставови - во овој случај, прилично безопасни - е неморално“.

Мистериозни билети

Два дена по апсењето, Кривцова се соочи со рочиште за притвор, на кое судот ѝ одреди да остане во домашен притвор до судењето. Една недела подоцна, полицијата повторно ја приведе.

Тие побараа ново рочиште за притвор, тврдејќи дека на нејзино име биле купени два билета за воз во еден правец за пограничните области на Русија. Кривцова негира дека ги купила билетите, додавајќи дека нема да може да избега, бидејќи нема валиден внатрешен пасош.

За Путин е тешко да победи во војната во Украина, но уште потешко да ја заврши

За време на рочиштето, адвокатите на одбраната побараа записи од државната железница што покажуваат кога, каде и како биле купени наводните билети и можност да ги испрашаат сите сведоци. Судијата го одби нивното барање.

На крајот, судот го одби барањето на обвинителството таа да биде задржана во притвор, но додаде ограничувања на нејзиниот домашен притвор што ја спречува да користи Интернет.

„Таа не ги прекрши условите на нејзиниот домашен притвор и не ја попречи истрагата“, вели мајката на Кривцова. „Олесија ги смета овие кривични пријави како тешко судење што мора да го поднесе. Главната работа е што таа не е скршена“. „Олесија не направи ништо лошо. Таа не е виновна за ништо. Таа нема за што да жали“.

XS
SM
MD
LG