Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести и советник на претседателот Доналд Трамп е загрижен.
„Според мене, неизбежно е да имаме враќање на вирусот ... како ќе се справиме со него кога тоа ќе се случи ќе ја одреди нашата судбина“, изјави тој неодамна.
Секако, ова покренува куп прашања: Зошто вирусот може да се врати уште посилен и кога може да се случи тоа?
Прво: Што точно значи „втор бран“?
„Вториот бран се однесува на повторна појава на случаи на ковид-19 кај населението“, вели Роберт Амлер, декан на Школата за здравствени науки и практики на Медицинскиот колеџ во Њујорк.
Ќе го стопи ли коронавирусот топлото време?
Џеј Варки, специјалист за заразни болести смета дека, до втор бран - а можеби и повеќе бранови – би можело да дојде во наредните месеци.
Зошто е така ако мерките за физичко оддалечување помогнаа во забавување на ширењето на вирусот?
За да нема втор бран, според експертите, треба да развиеме широк имунитет на коронавирусот или да се најде ефикасна вакцина.
Бидејќи и едното и другото е далеку, тоа остава многумина од нас да ризикуваат да го фатат вирусот, особено затоа што можете да го ширите без никакви симптоми.
Ова е особено можно ако вирусот заврши по сезонска шема нагоре-надолу како другите видови на коронавируси или на грип, кој има тенденција да пристигне на есен, вели Насја Сафдар, специјалист за заразни болести, додавајќи:
“Сметаме дека овој вирус ќе се однесува слично“. Пандемијата на грип H1N1, на пример, ги погоди САД во пролетта 2009 година и се врати за втор бран во есен и зима.
Па, кога се очекува да погоди вториот бран на СОВИД-19?
„Голема е веројатноста дека ќе доживееме втор или евентуално повеќе бранови оваа есен и зима, со потенцијален врв околу октомври или ноември“, вели д-р Варки, предупредувајќи:
“Но запомнете: Ние се занимаваме со еден сосема нов и затоа непредвидлив вирус, па веројатно е рано да се каже дали коронавирусот ќе ја следи сезонската шема”.
Ковид-19: Кој е најзагрозен и каде е најопасно?
Доктор Сафдар пак смета дека ако ги релаксираме мерките за физичко растојание предвреме, вториот бран би можел да дојде уште порано - некаде ова лето.
Веројатно ќе има бранови на коронавирус во различни периоди во зависност од тоа како вирусот реагира на сезонските промени и како локалната самоуправа се справува со него.
Се очекува брановите да удрат во различни периоди ширум светот.
На пример, моделите предвидуваат дека јужната хемисфера ќе биде диспропорционално погодена од ковид-19 во наредните месеци додека првиот бран се повлекува од северната хемисфера.
Дали вториот бран ќе биде исто толку лош како и првиот?
Тоа е се уште во зоната на непознатото.
„Ние не можевме навистина да го предвидиме сегашното однесување на пандемијата, сè додека не беше меѓу нас, па затоа е тешко да се каже за тоа како може да изгледа вториот бран“, вели д-р Сафдар.
Какви мерки воведе Кина за спречување на ново ширење на Ковид-19
Можеби ќе доживееме низа бранови слични по интензитет со првиот, или пак голем втор бран што ќе биде далеку потежок од првиот (како што се случи за време на пандемијата на грип во 1918 година).
Роботи и дронови против КОВИД-19
Роботско куче со четири нозе, именувано како Спот, патролира во парк при тестирање да биде амбасадор за безбедно растојание во време на пандемијата од КОВИД-19 во Сингапур на 8-ми мај.
Медицински лица минуваат покрај полициски робот на меѓународниот аеродром Тианхе во Вухан на 8 април, откако беа отворени границите на Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи и кинески епицентар на епидемијата од коронавирусот.
Интелегентен робот за стерилизација со УВ-светло дезинфицира во тоалет на меѓународниот аеродром Хонг Конг, Кина, на 7 мај.
Робот држи послужавник со заштитни маски и средство за дезинфекција на 17 март. Тој, и уште еден ист робот, беа пуштени во употреба за да ја кренат свеста за коронавирусот во Кочи, Индија.
Со помош на дрон се дезинфицираат улиците за време на пандемијата од КОВИД - 19 во Талкахуано, Чиле на 21 март.
Робот помага на медицински тим при лекување на пациенти заболени од КОВИД-19 во болницата Цирколо, во Варесе, Италија на 1 април.
Медицинско лице гледа снимка преку робот кој помага на медицинските тимови при лекување на пациенти заболени од КОВИД-19 во болницата Цирколо во Варесе, Италија на 1 април.
Вработени во кинеската компанија „КлаудМајндс Технолоџис“ во Пекинг, Кина на 2 март гестикулираат пред робот кој работи преку 5Г и кој треба да нуди медицински совети за новиот коронавирус.
Робот, создаден од аргентинска компанија, со УВ-светло лоцира бактерии и дезинфицира во автобус во Буенос Аирес, Аргентина на 30 април.
Робот кој е амбасадор за физичко растојание, наречен „Табла за јавни услуги“ О-Р3, испраќа потсетници до рекреативци да држат безбедно растојание за време на пандемијата од КОВИД-19 во Сингапур на 27 април.
Работници со заштитни маски на самобалансирачки скутери контролираат роботски испрскувач на средство за дезинфекција меѓу станбени згради во Вухан, епицентарот новиот коронавирус, во Кина на 3 март.
Робот дизајниран да помогне на медицинските работници во далечинско лекување на пациенти заболени од КОВИД-19, фотографиран за време на медиумска демонстрација при Универзитетот Цингуа во Пекинг, Кина на 4 март.
Жена гледа во дрон кој го користи малезиската полиција за да ги потсети граѓаните да останат дома за време на полициски час поради коронавирусот во Куала Лумпур, Малезија на 24 март.
Андре Десмаеле, 76 годишна белгијка комуницира со познаник благодарение на робот, кој е дониран од белгиска компанија во дом за стари лица за да можат да комуницираат со своите блиски при забраната за посети поради ширењето на коронавирусот во Остенд, Белгија.
Човеколикиот робот Препер стои пред каса во продавница и ги објаснува безбедносните мерки и промовира солидарност во време на пандемија од КОВИД-19 во Линдлар, Германија на 31 март.
Робот кој испрскува средство за дезинфекција како превенција од новиот коронавирус искачува скали во Луојанг, провинција Хенан, Кина на 22 февруари.
Може и да дојде до таканаречено „бавно горење“ во разни „жаришта“ во зависност од различните реакции на вирусот ширум светот.
Како експертите се подготвуваат за втор бран?
Експертите се едногласни дека практиките за физичко дистанцирање мора да продолжат, дури и откако ќе се отворат државите.
Д-р Варки вели дека мора да се надмине проблемот и со широко распространетите недостатоци на опрема за лична заштита, вентилатори, лекови, медицински материјали, комплети за тестирање и болнички персонал кои очајно се потребни за да продолжи со борбата против ковид-19.
Жртвите од короната - во Европа над 80, во Македонија под 70 години
Многу експерти за заразни болести работат напорно за да се обидат подобро да утврдат кој е заразен со вирусот со тестирање за антитела, или протеини што вашето тело ги прави како одговор на вирусот.
Иако имањето антитела за ковид-19 не мора да значи дека некој е имун на повторна инфекција со вирусот, тоа може да покажува кој бил заразен во првиот бран со цел да се открие колку ќе биде голем или мал вториот бран”, вели Варки, додавајќи дека е неопходно и следењето на контактите на инфицираниот и да се спроведе карантин за да се запре ширењето на вирусот.
-
Гоце Атанасов
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.