Достапни линкови

Шведска успева против ковид-19, бидејќи луѓето веруваат во мерките на власта


Стокхолм во време на короновирус
Стокхолм во време на короновирус

Шведска, која се најде на насловните страници за контроверзниот помек пристап кон ковид-19, бележи голема смртност, но и постојано намалување на бројот на инфицирани. Таа земја сега најави дека ќе ја укине забраната за посета на домови за згрижување стари лица.

Забраната за посета на домови за стари лица, која беше изречена на почетокот на април, беше едно од ретките задолжителни ограничувања во Шведска, насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот.

Другата мерка беше забраната за јавни собири на повеќе од 50 лица, што сè уште е на сила.

Оваа нордиска земја досега има евидентирано над 87.000 случаи на ковид-19, вклучително и над 5.800 смртни случаи. Тоа е една од највисоките стапки на смртност по глава на жител во светот.

Шведска дозволи присуство на навивачи на стадионите

Но, бројот на нови случаи во Шведска нагло се намалува од јуни, за разлика од поголемиот дел од Европа, која бележи пораст на нови инфекции во последните неколку недели.

Зошто е успешен шведскиот пристап кон справувањето со ковид-19?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Професорката по епидемиологија Ана Миа Екстром од шведскиот Институт Каролинска за Радио Слободна Европа изјави дека шведската стратегија отсекогаш била поодржлива во својот пристап, предлагајќи мерки што се долгорочно прифатливи за популацијата.

„Никогаш не сме имале тотално заклучување, но имавме строги препораки во однос на работата од дома. Високото образование исто така се правеше на далечина и социјално растојание во смисла на избегнување непотребни посети на стари лица, хигиена на рацете. Овие видови на мерки луѓето ги прифатија во голема мера – односно сфатија дека е можно да се живее со овие мерки ако тие не го нарушуваат нормалниот начин на живот премногу. Затоа, мислам дека поддршката за овие препораки и одржливоста е толку голема во Шведска“.

Екстром додава дека шведските власти за јавно здравје прават редовни анкети за да разберат колку е прифатлива шведската стратегија кај шведското население и оти резултатите покажуваат дека девет од 10 Швеѓани се согласуваат со шведската стратегија и затоа ги сменија своите секојдневни навики.

Швеѓаните да работат од дома до 2021 година

Сепак, Екстром, наведува дека се уште е рано да се проценува дали стратегијата на Шведска успеала?

„Мислам дека е рано да се проценува која било стратегија во овој момент. Мислам дека може да го сториме тоа следната година. Но, мислам дека треба да прифатиме оти мора да живееме со овој вирус многу долго време. И за мене барем, фокусот треба да биде врз намалување што е можно повеќе на бројот на смртни случаи и на бројот на сериозни болести кај оние најранливите. Мислам дека целосното запирање на овој вирус да се шири низ целиот свет ќе биде многу, многу тешко“, вели таа.

Шведската министерка за здравство и социјални работи Лена Халенгрен
Шведската министерка за здравство и социјални работи Лена Халенгрен

Министерката за здравство Лена Халенгрен пак, најавувајќи дека од 1 октомври повторно ќе бидат дозволени посети на старечки домови, по падот на бројот на нови случаи од јуни, изјави:

„Ние сме во постојана пандемија, дури и ако работите во моментот се насочени во вистинската насока“, рече Халенгрен, нагласувајќи дека „сите треба да преземат одговорност“.

Од околу 3.400 смртни случаи забележани во Шведска помеѓу јануари и мај, скоро половина се случиле во установи за згрижување стари лица.

На крајот на април, министерот ги призна смртните случаи како „неуспех за општеството како целина“.

Големиот данок во пензионерските домови предизвика контроверзии во Шведска, многумина укажуваа на условите за работа на персоналот, честопати неквалификуваните работници ангажирани на несигурни договори.

Владата објави во мај дека ќе ангажира до 10.000 дополнителен персонал за подобрување на грижата за стари лица.

За разлика од повеќето европски земји, Шведска никогаш не воведе строга блокада како оние низ цела Европа и наместо тоа ги повика луѓето да преземат одговорност, придржувајќи се на физичко дистанцирање, одржување строга хигиена и само изолирање доколку луѓето покажат симптоми.

Досега носењето маски за лице не е ниту задолжително ниту препорачано.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG