Достапни линкови

Рестриктивните мерки спречија милиони смртни случаи од коронавирусот


илустрација

Рестриктивните мерки низ целиот свет спречија милиони смртни случаи од коронавирусот, покажува ново истражување на Империјал колеџот во Лондон. Според истражувањето, затворањето на деловните згради, продавниците и училиштата спасиле околу три милиони животи во 11 земји - Австрија, Белгија, Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија. Една друга студија, спроведена во Соединетите држави, заклучува дека мерките за карантин во Кина, Франција, Иран, Италија, Јужна Кореја и САД спречиле уште 530 милиони случаи на ковид-19.

СЗО бара внимателност, пандемијата се уште е во пораст

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот предупреди дека, како што се подобрува ситуацијата во Европа, таа се влошува и во другите делови на светот. „Повеќе од 100,000 нови случаи се пријавени во изминатите девет или десет дена“, рече шефот на СЗО, Тедрос Гребрејезус, наведувајќи дека 75% од новите случаи се регистрирани во десет земји, претежно во Латинска Америка и Јужна Азија.

XS
SM
MD
LG