Достапни линкови

Швеѓаните да работат од дома до 2021 година


Луѓе на улица во Стокхом на 27јули 2020

Шведска, која го привлече вниманието со благата стратегија во порбата против коронавирусот, денеска повика на работа од дома, барем до Нова година. Во земјата досега се регистрирани над 80 илјади инфицирани со коронавирус.

Мерката има за цел намалување на бројот на луѓе во јавниот превоз, откако властите забележаа зголемен број контакти меѓу луѓето, што претставува голем ризик од понатамошно ширење на вирусот наесен.

Од почетокот на епидемијата во Шведска се регистрирани 80100 случаи на коронавирус, а 5739 луѓе починаа. Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 318 нови случаи.

За разлика од другите европски земји, Шведска не воведе карантин за населението, што ги поттикна расправите за ефикасноста на стратегијата на власта во борбата против коронавирусот.

Власта смета дека краткорочните мерки не може да бидат ефикасни на долг рок. Маски во Шведска носи само медицинскиот персонал, додека кафеаните и рестораните се отворени.

XS
SM
MD
LG